In Bulgarian
Забрзаниот развој на дигитализацијата на зградите, деловните процеси и домовите го става во ново светло концептот на лидерство во секторот. Охрабрувачки и значаен пример во оваа насока за целиот регион на Југоисточна Европа е бесплатното обезбедување на софтверот EcoStruxure Power Design, развиен од лидерот во дигиталната трансформација на енергетскиот менаџмент и автоматизација Schneider Electric.
„Софтверот EcoStruxure Power Design е специјално наменет за електрични проектанти. Тој нуди лесно, брзо и безбедно цртање и димензионирање на електрични системи НН и СрН како индивидуално така и разгледувајќи ги како целина во рамките на проектот. Новото решение овозможува дефинирање на различни режими на напојување, резервирање на товарите со дизел генератор и UPS. Тоа овозможува експортирање на еднолиниски кола во формат .dwg и пресметковниот дел во .pdf и .word“, објаснија од Шнајдер Електрик Бугарија.
Новиот софтвер EcoStruxure Power Design нуди пресметки во реално време, ажурирана база на податоци и автоматско ажурирање, заштедува време и ја поедноставува работата на електричниот проектант.
EcoStruxure Power Design се базира на сопствената IoT платформа на Schneider Electric - EcoStruxure. Таа овозможува поврзување на уредите во различни архитектури, според обемот на секој објект, управување и собирање на податоци, како и работа со алатки за превентивно и предвидливо одржување.
Освен обезбедување на EcoStruxure Power Design бесплатно, Schneider Electric обезбедува и бесплатна обука за специјалистите за максимално искористување на функционалноста на апликацијата. Компанијата обезбеди обука на над 200 проектанти во регионот, од кои 130 во Бугарија и останатите во Албанија, Македонија и Косово.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Schneider Electric