Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Schneider Electric ги отвора вратите на својата фабрика во Пловдив за студенти од цела Југоисточна Европа

03 november 2021

In Bulgarian

 

Паметната фабрика на Schneider Electric во близина на Пловдив ќе биде домаќин на виртуелен настан за студенти од цела Југоисточна Европа. Во него ќе можете да се прошетате на 4 ноември 2021 година од 15:00 до 16:00 часот. Со ова компанијата ја спроведува во дејство својата програма за одржлив развој во делот посветен на образованието и активната размена со младата генерација на професионалци кои наскоро ќе и се придружат на работната сила. „Целта на вебинарот е јасно и атрактивно да ги претстави дигиталните технологии за енергетска и производствена ефикасност, како и најсовремените пристапи за одржување на опрема“, информираа за BalkanEngineer.com од Шнајдер Електрик Бугарија.

 


Водител на вебинарот ќе биде инженер Георги Трончев, кој е одговорен за развој и функционирање на Innovation Hub на Schneider Electric, лоциран во паметната фабрика во град Пловдив. Од отворањето на хабот кон крајот на 2019 година, од него се спроведени бројни онлајн сесии на вебинар, вклучително и виртуелни тури низ фабриката. Нив ги посетија стотици професионалци од различни претпријатија од регионот на Југоисточна Европа. Организирани се и десетици посети на лице место.


„Вебинарот ќе се одржи на англиски јазик за да биде достапен за виртуелни посетители од различни националности. Иако ова може да биде предизвик за дел од идните инженери, тоа секако ќе им донесе многу придобивки, бидејќи ќе ги воведе во најактуелната меѓународна терминологија“, коментираа од бугарската компанија.

 


За да учествувате на овој возбудлив меѓународен настан, да им се придружите на интерактивните сесии и да ги откриете најдобрите дигитални технологии, како и да дознаете како ова може да биде успешен почеток на Вашата кариера, не пропуштајте да се регистрирате бесплатно веднаш!


Придружете му се на настанот на 4 ноември 2021 година од 15:00 до 16:00 часот во Plovdiv Innovation Hub and Smart Factory.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1715, Бизнис Парк Софија, населба Младост 4, зграда 7Б, 4 кат
Телефон: +359 2 932 93 20

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: Шнајдер Електрик Бугарија

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

  • 13 december 2024Решенијата за автоматизација на згради на AББ обезбедуваат енергетско ефикасна иднина за петвековна зграда во Шкотска

    Позната некогаш како дом на монаси и кралски дворјани, како и на должници во бегство од властите, опатија Странд (Abbey Strand) во Единбург, Шкотска, чува сакрално историско и архитектонско наследство. Денес таа е веќе модернизирана со целосен проект за модернизација кој вклучува најсовремени системи за автоматизација на згради и енергетски менаџмент на АББ. До денес, историската зграда е трансформирана во комплекс со девет луксузни апартмани со првокласна послужување, што е модел за одржлива реконструкција и подобрена енергетска ефикасност на зградите.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »