Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

RS Електро: Универзалниот систем protrac® на Baur обезбедува брзо и прецизно лоцирање на кабелски дефекти

10 april 2023

In Albanian In Bulgarian

 

Без разлика колку прецизно да сте ги лоцирале претходно кабелските траси поставени во земјата, никогаш нема да можете да ги препознаете нивните отстапувања од оваа рута. Тие можат да се откријат само со прецизно насочување. Со своето решение protrac®, компанијата Baur нуди различни можности за ова. Решението ги комбинира во еден систем акустичко и електромагнетско одредување на кабелски дефект, лоцирање на дефектот на кабелската обвивка и следење на трасата. „Удобноста на користење се должи на безжичната врска преку Bluetooth®, а тродимензионалната навигација му овозможува прецизно насочување на корисникот кон местото на дефектот. Скратеното време за локација на дефектите се должи на употребата на податоци за трасата на кабелската рута и претходното лоцирање  со помош на апликацијата Baur Fault Location App“, соопштија од фирма РС Електро, партнер на Baur.

 

 

Системот за точно лоцирање обезбедува максимално прецизно одредување на местото на дефектот како на самите кабли така и само на кабелските обвивки. Овој унифициран систем, комбинирајќи во себе акустични и електромагнетни методи за прецизно лоцирање, е во можност да ги одреди местата на дефектите во кабелските обвивки, што го претвора во навистина универзално решение.

 

„Благодарение на користењето на современи технологии, системот protrac® гарантира исклучително брзо и прецизно лоцирање. Иновативниот  метод во два степени на обработка на сигналот овозможува висок степен на чувствителност, точност и максимално потиснување на страничните шумови“, информираа специјалистите на RS Electro.

 

Функции поддржани од protrac®:

- Точно лоцирање на кабелските дефекти врз основа на: акустичен и електромагнетски метод, метод на чекорен напон, како и метод на акустична фреквенција;

- Лоцирање на кабелски приклучоци;

- Трасирање на кабли.

 

 

Предности на универзалниот систем:

 

Уникатна удобност на користење

 

- Сите компоненти на системот, со исклучок на сензорите за методот на чекорен напон, се меѓусебно поврзани преку Bluetooth;

- Управувањето може да се врши како преку екран на допир, така и со помош на ротационен регулатор;

- Напојување со акумулаторски батерии или заменливи батерии;

- Можност за користење без слушалки, благодарение на интегрираната динамика во блокот за управување.

 

 

Точна тридимензионална навигација на корисникот

 

- Одредување на кабелски траси со помош на локатор, вклучително точно мерење на длабочината на поставените кабли и упатства за насоката на рутата на кабелската траса со предупредувања за отстапувања од неа;

- 3D-History Track: Точно преместување надесно или налево и индикација на насоката до местото на дефектот во тридимензионална слика;

- Пресметка и индикација на растојанието до дефектот, како и резултати од претходни мерења во режим во реално време;

- Одлични акустични квалитети и растојанија;

- Самоприспособливо потиснување на странична бучава ANS на две нивоа

- (Adaptive Noise Suppression);

- Можност за недвосмислено одредување на бучава од пробив во кабелот на местото на дефектот од шумовите кои произлегуваат од ударни импулси на системот за одредување на местото на кабелскиот дефект.

 

Адреса: 1505 Софија, ул. Кутловица бр. 41

Телефон: +359 87 691 5990
Е-пошта: rs.electro.bg@gmail.com

 

 

Извор на фотографии: РС Електро, Baur

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »