In Albanian In Bulgarian In Serbian
Тестирањето на обвивката и проводниците на каблите им помага на корисниците да проценат дали кабелскиот систем е безбеден и подготвен за експлоатација во моментот на спроведување на тестирањата. „Се повеќе оператори на електрични мрежи и инсталации го нагласуваат значењето на дијагностиката на каблите, бидејќи таа дава важни информации за сокриените дефекти во системите, а поспецијално во кабелската мрежа. Со помош на мобилниот систем за високонапонски тестови и дијагностика frida/frida TD на Baur, се гарантира сигурноста на електричното напојување“, соопштија од фирма РС Електро, партнер на Baur.
Технологијата за мерење и дијагностицирање на Baur се користи пред навистина да се појават можни мрежни дефекти. Таа овозможува итно откривање и локализирање на слабите места во каблите за напојување. Оштетените или неправилно поврзани клеми или врски се идентификуваат во рана фаза, што овозможува отстранување на потенцијалните проблеми уште пред да се појават.
„Кабелската дијагностика е основа за поефективно планирање на инвестициите. Прецизните анализи на состојбата на каблите овозможуваат да правите трошоци за модификација и одржување само таму каде што се навистина потребни. Превентивната и непотребна замена на неоштетени кабелски траси со нив веќе е минато“, коментираа од РС Електро.
Мобилен систем за високонапонски тестови и дијагностика со висок напон frida/frida TD
Преносливата апаратура за тестирање frida на Baur е наменета за проверка на изолацијата и проводниците на кабли под напон до 20 kV, како и електричната опрема и нејзината изолација. Во изведбата на frida TD, освен сите функции што ги има frida, достапна е и функцијата Monitored Withstand Test - MWT. Таа комбинира кабелска дијагностика и мерење на диелектрични загуби. На овој начин се обезбедува неопходното точно и целосно одредување на состојбата на каблите. Во комбинација со дијагностичкиот систем BAUR PD-TaD 62 PD можат да се измерат и делумни празнења.
Тестот со ултра ниска фреквенција (УНФ) овозможува откривање на оштетувања во кабелски обвивки од пластика и импрегнирана хартија со исклучително кратко време на тестирање без да се загрози квалитетот на околната изолација.
Мерењето на диелектричните загуби со VLF-truesinus® при УНФ 0,1 Hz обезбедува диференцирана информација за состојбата на стареење на кабелски обвивки од импрегнирана хартија и PE/XLPE. При изолација од PE/XLPE, мерењето на диелектричните загуби прави разлика помеѓу нови, малку оштетени и тешко оштетени кабли. Ова може да се користи за одредување на итноста на замена на каблите.
Адреса: Бугарска, Софија, ул. Кутловица 41
Извор на фотографии: РС Електро, Baur