Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

PC Електро: Преносливиот систем за кабелски дијагностика frida/frida TD на Baur ги оптимизира трошоците за техничко одржување

11 july 2023

In Albanian  In Bulgarian  In Serbian

 

Тестирањето на обвивката и проводниците на каблите им помага на корисниците да проценат дали кабелскиот систем е безбеден и подготвен за експлоатација во моментот на спроведување на тестирањата. „Се повеќе оператори на електрични мрежи и инсталации го нагласуваат значењето на дијагностиката на каблите, бидејќи таа дава важни информации за сокриените дефекти во системите, а поспецијално во кабелската мрежа. Со помош на мобилниот систем за високонапонски тестови и дијагностика frida/frida TD на Baur, се гарантира сигурноста на електричното напојување“, соопштија од фирма РС Електро, партнер на Baur.

 

 

Технологијата за мерење и дијагностицирање на Baur се користи пред навистина да се појават можни мрежни дефекти. Таа овозможува итно откривање и локализирање на слабите места во каблите за напојување. Оштетените или неправилно поврзани клеми или врски се идентификуваат во рана фаза, што овозможува отстранување на потенцијалните проблеми уште пред да се појават.

 

„Кабелската дијагностика е основа за поефективно планирање на инвестициите. Прецизните анализи на состојбата на каблите овозможуваат да правите трошоци за модификација и одржување само таму каде што се навистина потребни. Превентивната и непотребна замена на неоштетени кабелски траси со нив веќе е минато“, коментираа од РС Електро.

 

Мобилен систем за високонапонски тестови и дијагностика со висок напон frida/frida TD

 

Преносливата апаратура за тестирање  frida на Baur е наменета за проверка на изолацијата и проводниците на кабли под напон до 20 kV, како и електричната опрема и нејзината изолација. Во изведбата на frida TD, освен сите функции што ги има frida, достапна е и функцијата Monitored Withstand Test - MWT. Таа комбинира кабелска дијагностика и мерење на диелектрични загуби. На овој начин се обезбедува неопходното точно и целосно одредување на состојбата на каблите. Во комбинација со дијагностичкиот систем BAUR PD-TaD 62 PD можат да се измерат и делумни празнења.

 

 

Тестот со ултра ниска фреквенција (УНФ) овозможува откривање на оштетувања во кабелски обвивки од пластика и импрегнирана хартија со исклучително кратко време на тестирање без да се загрози квалитетот на околната изолација.

 

Мерењето на диелектричните загуби со VLF-truesinus® при УНФ 0,1 Hz обезбедува диференцирана информација за состојбата на стареење на кабелски обвивки од импрегнирана хартија и PE/XLPE. При изолација од PE/XLPE, мерењето на диелектричните загуби прави разлика помеѓу нови, малку оштетени и тешко оштетени кабли. Ова може да се користи за одредување на итноста на замена на каблите.

 

Адреса: Бугарска, Софија, ул. Кутловица 41

Телефон: +359 88 922 0253      
E-mail: rs.electro.bg@gmail.com
 
 

Извор на фотографии: РС Електро, Baur

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »