Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

  • 24 may 2024Инвестирајте во одржливата и зелена иднина со станиците за полнење на електрични возила eCS-AC-L1 EV на Т и Д Инженеринг

    Електричната мобилност се повеќе го „држи“ клучот за одржлива градска инфраструктура, поповолните услови за живот во населените места и позитивниот развој на борбата против климатските промени. Движени од моќен електричен импулс, сите видови електрични возила како автомобили, автобуси, камиони, железнички возила, бродови, фериботи и други поморски пловни објекти ја дефинираат моќта на е-мобилноста во транзицијата кон позелена и поодржлива иднина.

  • 23 may 2024Машината за електроерозивна обработка ROBOCUT α-C800iC на FANUC е иновативно решение за производство на детали со големи димензи

    До неодамна, кога се зборуваше за обработка со жична EDM машина, беше јасно дека традиционално се постигнува потребната прецизност за сметка на брзината. Затоа инженерите на FANUC имаа за цел и ја разработија серијата од најновата генерација на EDM машини ROBOCUT α-CiC. Сега оваа палета е дополнета со трет модел ROBOCUT α-C800iC со опција за од на оската Z од 500 mm и голем број други функции кои го забрзуваат производството на компоненти со големи димензии за различни индустриски гранки.

  • 22 may 2024Пумпите како турбини (PAT) на Saer овозможуваат добивање на зелена енергија од постојната водна инфраструктура

    Современите барања за ефикасна и исплатлива потрошувачка на енергија ја водат индустријата до принцип заснован на мотото „Од заштеда на енергија - кон добивање на енергија“. А еден од начините за неговата реализација се пумпите турбини. Во оваа насока работи и докажаниот италијански производител на пумпна опрема Saer, кој на пазарот нуди специјално модифицирани пумпи, кои инсталирани на водоводни цевки под притисок делуваат како турбини. „Употребата на пумпи како турбини (pump as turbine (PAT)) овозможува генерирање на евтина електрична енергија од постојните цевководни системи без негативно влијание врз животната средина“, коментира за BalkanEngineer.com инженер Александар Георгиев, регионален трговски претставник на Saer Elletropompe за Северна Македонија, , Албанија. Косово, Бугарија, Грција и Кипар.

  • 18 may 2024БР Техника: Ефикасните коботи на Kassow Robots се клучни за лесната автоматизација на индустриските процеси

    Колаборативните роботи, познати и како коботи, се важно средство кое им помага на производителите да ја зголемат својата продуктивност. Моќни, брзи и лесни за употреба, тие можат да ги направат производствените процеси поефикасни, а бизнисите поконкурентни. „Многу работи се случија во овие две години откако данскиот производител на коботи Kassow Robots стана дел од структурата на Bosch Rexroth. Компанијата значително го прошири своето глобално присуство со своето учество на саеми и настани во различни земји како дел од портфолиото на Bosch Rexroth.

  • 18 may 2024Со своето докажано искуство, Rochester ја подобрува сигурноста на електронската опрема за дупчење на сондажи

    Голем број индустриски примени, како што се на пример сондирање за добивање на нафта и гас, претставуваат некои од најнеповолните средини за работа со техничка опрема. Огромен предизвик за компаниите кои вршат ваков тип на активности е потребата да користат сложена електроника на значителни длабочини при високо покачени температури. Сигурноста и издржливоста на овие електронски системи е од исклучителна важност за да се гарантира минимално време за планирани и непланирани прекини.

  • 18 may 2024KMT Сервиз: IR прозорци за инспекција на Iriss обезбедуваат превенција на дефектите по инцидент во автомобилска компанија

    Електричен лак, наречен уште и напонски лак, во производствени услови? Оваа физичка појава може да биде не само катастрофална за опремата, туку и исклучиво опасна. Затоа во денешниот материјал раскажуваме имено за сличен случај во претпријатие од автомобилската индустрија и како долгорочно е решен проблемот со помош на опрема на Iriss. А за детали коментиравме со КМТ Сервиз- докажана компанија со богато портфолио на апаратура за испитување, тестирање и мониторинг на инфраструктурни делници, која ги нуди производите на Iriss на локалниот пазар.

  • 18 may 2024STAMH: Кои се актуелните трендови со цел оптимизација на логистичките процеси во електронската трговија

    Електронската трговија е современа индустрија која го зголемува својот пазарен удел паралелно со технолошкиот напредок. Сепак, тоа е директно поврзано со ефикасноста на магацинската логистика, а како последица неговото подобрување ќе доведе и до зголемување на сатисфакцијата на клиентите. STAMH Group, докажана меѓународна компанија за магацинска автоматизација, нуди широк спектар на автоматизирани системи за оптимизација на оперативните процеси во магацини и дистрибутивни центри. Во следните редови ќе ви раскажеме повеќе за предностите од нивната имплементација во контекстот на логистиката и нејзините трендови во 2024 година.

  • 16 may 2024Работното коло Open S-tube® на Grundfos пумпите ги спречуваат од блокирање пумпите во канализациска мрежа во Будимпештa

    Канализациската пумпна станица за мешани води во Будимпешта, Унгарија е опремена со вкупно осум пумпи - две мали, три средни и три големи. Малите пумпи се наменети да пумпаат секојдневни количини на отпадна вода од домаќинствата. Во случај на дожд се вклучуваат трите средни пумпи, а во случај тие да се затнат на помош доаѓаат трите најголеми агрегати. Сепак, овие затнувања се премногу чести и создаваат сериозни тешкотии во процесот на работа на пумпната станица. Затоа операторите на локалното друштво за водовод и канализација се обраќаат до Грундфос за решение на проблемот.

  • 16 may 2024GSM домофонот на ЕТА-СИС обезбедува сигурна и исплатлива контрола на пристапот

    Домофонот е важен дел од техничката опрема на современите станбени згради и составен дел на системите за безбедност и контрола на пристап. Со усовршувањето на технологиите растат функционалноста и можностите што ги обезбедува домофонот, гарантирајќи ја безбедноста и удобноста на станарите. Сепак, во многу станбени згради нема домофони, или дури и ако постојат, не работат поради прекини на каблите или оштетување на панелот. Докажаниот производител на системи за известување, системи за контрола на пристап, безбедност и други персонализирани проекти ЕТА-СИС нуди функционално, современо и конкурентно според цената решение - GSM домофон (интерком).

  • 15 may 2024Alvecta: Vector е целосно SaaS решение за оптимизација на претпријатијата преку флексибилно управување и транспарентност

    Софтверските решенија имплементирани во индустриските претпријатија, заедно со процесната автоматизација и роботизираните технологии, се столбовите на дигиталната трансформација, отворајќи нови хоризонти за развој на бизнисот. Можностите за континуиран мониторинг во реално време, далечинска контрола и управување, моделирање на деловни односи, процеси на производство и дистрибуција ги оптимизираат работните операции, обезбедувајќи флексибилност, минимизирајќи ги грешките, заштедувајќи на време и финансии, зголемувајќи го квалитетот и задоволството на клиентите.