In Bulgarian
Софтверските решенија имплементирани во индустриските претпријатија, заедно со процесната автоматизација и роботизираните технологии, се столбовите на дигиталната трансформација, отворајќи нови хоризонти за развој на бизнисот. Можностите за континуиран мониторинг во реално време, далечинска контрола и управување, моделирање на деловни односи, процеси на производство и дистрибуција ги оптимизираат работните операции, обезбедувајќи флексибилност, минимизирајќи ги грешките, заштедувајќи на време и финансии, зголемувајќи го квалитетот и задоволството на клиентите. За да се обезбедат сите овие предности на производствените компании, специјалистите од иновативната софтверска компанија Алвекта ја разработија целосната информативна платформа Vector.
„Vector е софтвер од спектарот на т.н SaaS решенија кои користат облачен простор за складирање на информациите. Имплементацијата на облачни услуги обезбедува голем број на предности за бизнисите, како и флексибилност во претплатените планови. Во зависност од конкретните потреби, можностите на бизнис организацијата и корисничките профили, се пресметува месечна цена за услугата, која без проблем се вклучува во планирањето на буџетот“, објаснија професионалците за BalkanEngineer.com.
Информативната платформа Vector им овозможува на претпријатијата безбедно и сигурно да управуваат со нивните ресурси и процеси, да ги моделираат партнерствата и нивните инженерски активности, да ги намалуваат грешките, да ги оптимизираат нивните трошоци, при што истовремено гарантираат транспарентност и можност за брза реакција во критични ситуации.
Преку имплементирањето на информатичката технологија Vector од Алвекта во индустриското претпријатие се постигнува:
- Управување со перспективите: во три меѓусебно поврзани хоризонти – стратешки, потенцијален и реален;
- Прагматичен модел на управување: Со динамична изградба на планови, извештаи и надминување на недозволиви отстапувања;
- Моделирање на односите со партнерите: По хоризонтот во двата дела – производствен и финансиски;
- Управување со инженерската разработка: На протокот на обрт и на средината, инженерски организациско - вредносни анализи, документација, историја на замени;
- Распределба на процесни и информативни одговорности: помеѓу вработените во претпријатието преку индивидуални задачи и интеграција меѓу нив;
- Документарно покривање на процесите; според поставени профили и извори до ниво на операциите;
- Следливост на управуваните објекти: Следливост на потреби (по хоризонти), залихи и движења (вклучително по производствени релации) на управувани објекти (вклучително на пари);
- Следливост на трудот: од оператори (соработници и тимови) при реализацијата на операциите (штелување и извршување);
- Следливост на капацитетот: Следливост на потребите (по хоризонти), достапност и искористување на капацитетот на работните места.
Контакти
Адреса: Бугарија, Софија, бул. „Цариградско шосе“ 133, БИЦ-ИЗОТ, канцеларија 244
E-mail: alvecta@alvecta.com
Извор на фотографии: Алвекта (Alvecta), canva.com