In Bulgarian
Тешкото достигнување на добра термичка удобност во просториите често е проблем поврзан со отсуството на баланс во системот за греење или ладење. „Овој проблем може лесно да се реши со инсталирање на баланс-вентили, регулатори на диференцијален притисок или регулатори на притисок“, коментираа за BalkanEngineer.com од македонската канцеларија на докажаната германска компанија Oventrop GmbH & Co. KG KG. Едно такво решение се и вентилите за регулација на протоци Hycocon VTZ, кои ги нуди компанијата.
Вентилите Hycocon VTZ се дел од серијата Hycocon, вклучувајќи неколку модели кои се изработени од месинг и се погодни за инсталации за греење, климатизација и ладење. Намената на вентилите VTZ е обезбедување на добар хидрауличен баланс помеѓу протоците на системот. „Тоа се постигнува преку претходно континуирано штелување, што може да се репродуцира, блокира и пломбира“, објаснија од Oventrop. Покрај претходно континуирано штелување вентилите обезбедуваат и прецизно мерење на загубата на притисок и проток преку мерни точки. Нивните функционални способности вклучуваат уште изолација, полнење и празнење. Тие се погодни за вградување на цевководи во централни системи за греење и ладење со вода. Hycocon VTZ вентилите може да се постават на линиите за снабдување и враќање.
Палетата вентили Hycocon VTZ опфаќа модели со номинални големини кои се движат од DN 15 до DN 40, при што вентилите со номинални големини од DN 15 до DN 25 се со скала со шест степени, а оние со номинални големини во опсегот DN 32- DN40 - со скала со осум степени. „Благодарение на поделбата на 1/10 од чекор има можност за 60 или 80 вредности за претходно штелување, што гарантира висока резолуција кај мали отстапувања на протокот“, прецизираа од Oventrop.
Oventrop GmbH & Co. KG
Адресa: Германија, Д-59939 Олсберг, Паул Овентроп Штрасе 1
Телефон: 0049 2962 82 0
Факс: 0049 2962 82 400
E-mail: mail@oventrop.com
Хидротермика Системи ДООЕЛ
Адреса: Македонија, 137, Гостивар
Телефон/факс: 00389 42215594
Мобилен: 00389 70245571
E-mail: hidrotermika@t-home.mk
Извор на фото материјал: Oventrop GmbH & Co. KG KG