In Bulgarian
Главниот град на Унгарија – Будимпешта е една од најинтересните и најубавите европски престолнини. Во нејзиното срце, мостот со синџири од 19. век го открива прекрасниот поглед кон величествената зграда на унгарскиот парламент. При изградбата на зградата од самиот почеток не е потенцирано само на визија, туку и на имплементацијата на најсовремени технички решенија за тоа време, кои постепено се обновувани. При една од последните модернизации на водоводниот систем на парламентот меѓу избраните производи се и регулационите вентили Aquastrom C и T plus на докажаниот европски производител Oventrop GmbH & Co. KG KG.
Од моментот на нејзината изградба до денес, зградата претрпела многу поправки. При една од нив, вклучувајќи ја и реконструкцијата на инсталацијата за водоснабдување, главна цел е обезбедување на добра заштита од развојот на бактеријата Легионела (Legionella). Спроведувањето на оваа задача се покажува сериозен предизвик, а решението кое е избрано за да се обезбеди сигурна термичка заштита вклучува два модели на вентили - регулациони вентили на цевки за инсталации за вода за пиење Aquastrom C и термостатски регулациони вентили за циркулациони цевководи Aquastrom T plus на Oventrop.
Со пуштањето на топлата вода од различни точки на пристап, цевките и вентилите се истовремено промиени и термички дезинфицирани и евентуално постојните бактерии се елиминирани. При нормално функционирање на инсталацијата, температурата на топлата вода во цевките е доволно висока за да се спречи формирањето на бактерии. Ова се постигнува со добро хидраулично балансирање на системот.
„Изборот на регулациони вентили Oventrop дава многу предности. Вентилите се одликуваат со лесна инсталација и стабилна работа, обединувајќи пет различни функции – претходно штелување, мерење, изолирање, полнење и празнење. Тие даваат можност за регулирање на штелувањата, прецизно мерење на загубата на притисок и проток и многу други“, коментираа од Овентроп.
Oventrop GmbH & Co. KG
Адресa: Германија, Д-59939 Олсберг, Паул Овентроп Штрасе 1
Телефон: 0049 2962 82 0
Факс: 0049 2962 82 400
E-mail: mail@oventrop.com
Претставување Oventrop Бугарија и Република Македонија
Адреса: бул. Др. Г.М. Димитров 62, Софија 1172
Телефон/факс: 00359 2 961 57 10
E-mail: mail@oventrop.bg
Хидротермика Системи ДООЕЛ
Адреса: Македонија, 137, Гостивар
Телефон/факс: 00389 42215594
Мобилен: 00389 70245571
E-mail: hidrotermika@t-home.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Oventrop GmbH & Co. KG KG, www.parlament.hu