In Bulgarian
Што би се случило доколку децентрализираната, автономната и модулирана инверторна технологија на Hoval се спојат во заеднички систем? Одговорот е флексибилност и повисоки моќности за греење и ладење. Децентрализираните покривни климатизери на Hoval неодамна се опремени со нова генерација на топлински пумпи. „Сите модели сега се нудат и во комбинација со агрегати за топлинска пумпа, што од друга страна има за цел значително да го олесни планирањето и координацијата на проектите“, информираа за BalkanEngineer.com од Hoval.
Со новата генерација на апарати со топол воздух со топлинска пумпа на Hoval, моќноста и ефикасноста на системите се зголемуваат. Модулирачките топлински пумпи со директна експанзија нудат поголем капацитет за греење и ладење и можат уште полесно и попрецизно да се адаптираат на потребниот проток на воздух. Како специјалист за децентрализирани системи за климатизација за големи простории, Hoval се фокусира на разработка на решение каде што секој вентилационен агрегат е опремен со сопствена топлинска пумпа и на тој начин станува целосно независен, без да зависи од снабдувањето со топлина или снабдувањето со ладина.
„Благодарение на нашите нови топлински пумпи, успеавме целосно да го завршиме нашиот децентрализиран концепт за енергетска транзиција. Сега сите покривни единици од семејствата на покривните апарати RoofVent® и клима покривни апарати TopVent C/S се целосно децентрализирани и автономни. На овој начин, преку системите за вентилација со интегрирани топлински пумпи, климатизацијата на хали е овозможена според целосно јаглероден неутрален метод“, сподели Мајкл Зигрист, продукт менаџер во Hoval.
Топлинската пумпа и агрегатот за вентилација се испорачуваат како комплетен и компатибилен систем. Како резултат на тоа, проектниот тим за Греење, Вентилација и Климатизација повеќе не треба да ги прилагодува капацитетите за греење и ладење на протокот на воздух. Целата опрема за вентилација, иако е автономна и децентрализирана, е поврзана во заеднички интелигентен систем за управување TopTronic C®. Преку него се штелува и следи за ефективната интеракција на поединечните компоненти, а на тој начин се обезбедува енергетско ефикасно работење.
Во палетата на Hoval, сите апарати RoofVent® RPи TopVent® TP уреди можат слободно да се комбинираат. Во зависност од потребите за климатизација на халата, можно е дури и моќноста за греење и ладење да биде променлива, бидејќи сите уреди со топлински пумпи се нудат во 3 дијапазони на моќност, од 33 до 67 kW за греење и ладење. Инсталирањето на неколку уреди во така наречените контролни зони исто така овозможува и задоволување на различни потреби во иста хала благодарение на зонирањето.
Адреса: Софија 1407, ул. Борис Руменов бр. 9, зграда 6, канцеларија 3
Телефон: +359 700 20 755
Е-пошта: office.bg@hoval.com
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Hoval (Ховал)