Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Hoval Belaria ® fit 40-70 – ефикасна топлинска пумпа погодна за хибридни системи која ја оптимизира својата моќност

12 october 2024

In Bulgarian

 

Hoval Belaria® fit 40-70 е високо ефикасна топлинска пумпа воздух-вода која покрива три нивоа на продуктивност. Може да се управува како самостојна единица или каскадно - како дел од модуларна конфигурација, вклучително и во хибридни системи. „Топлинската пумпа Belaria ® fit ја оптимизира својата моќност за да ја задоволи побарувачката и да обезбеди удобност во секое време. Кога се користи како самостојна единица, можно е да се постигнат топлински моќности до 71 kW. Технологијата на инвертор овозможува модулација на моќноста во дијапазон од 30 до 100%. Ова значи дека капацитетот за греење и ладење е оптимизиран и потрошувачката на енергија на компресорите и вентилаторите е намалена при работа со делумно оптоварување. Уредот поретко се вклучува и исклучува и работи уште порамномерно“, коментираа за BalkanEngineer.com од Hoval.

 

 

Модуларниот концепт на Belaria ® fit го олеснува ефикасното работење и приспособливоста кон различните барања на примена. Оваа топлинска пумпа може да работи во каскади кои вклучуваат до 16 уреди. „Четири топлински пумпи Belaria® во каскади се способни да ја приспособат топлинската моќност помеѓу 41 и 284 kW за да ја задоволат побарувачката што одговара на дијапазонот на модулација од 1:7. Освен тоа, работењето во каскада ја зголемува работната сигурност благодарение на резервацијата на топлинскиот генератор. Хибридните системи, кои користат Belaria ® во комбинација со дополнителен топлински генератор за врвна моќност нудат навистина висока додадена вредност“, објаснија од Hoval.

 

Хибридното решение користи оптимално високо ефикасна технологијата на топлинската пумпа и предностите на гасот. Работата помеѓу котелот и топлинската пумпа се одредува во зависност од точката на бивалентност, која пак од своја страна зависи од потребите на инсталацијата и е минималната температура над која се вклучува котелот UltraGas® 2 ако каскадата на топлински пумпи Belaria® fit повеќе не е во можност да ја обезбеди потребната моќност.

 

 

Адреса: Софија 1407, ул. Борис Руменов бр. 9, зграда 6, канцеларија 3
Телефон: +359 700 20 755  
Е-пошта: office.bg@hoval.com 

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА! 

 

 

 

Извор на фотографии: Hoval (Ховал)

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »