Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Hoval ја најави пазарната премиера на Belaria® pro – новата еколошка и високо ефикасна топлинска пумпа на компанијата

10 april 2024

In Bulgarian

 

 

 

Трендовите во технолошкиот свет јасно покажуваат дека инженеринг разработките и екологијата се повеќе ќе се надополнуваат во наредните години. Како водечка меѓународна компанија за современа опрема за греење, вентилација и климатизација со повеќе од 75 години искуство, Hoval исто така бара технолошки иновации и пионерски решенија кои работат уште поблиску со природата. „Земете ја на пример новата топлинска пумпа за воздух/вода Hoval Belaria® pro со својот моноблок дизајн, користејќи природен и еколошки разладен медиум R290 со исклучително ниска GWP вредност. Со ова решение секој корисник може да биде сигурен дека ќе заштеди енергија и трошоци при што истовремено ја штити животната средина“, информираа за BalkanEngineer.com од Hoval.

 

 

Со мисла и внимание за животната средина

 

Од 2025 година, сите нови топлински пумпи на пазарот мора да имаат значително намалени вредности на GWP (забелешка на уредникот: потенцијал на глобално затоплување) на ладилните медиуми. Ова ќе бара моно-сплит модулите кои тежат помалку од 3 килограми и користат делумно флуорирани флуоројаглеводороди (HFC) повеќе да не ја надминуваат граничната вредност на GWP од 750. Затоа при разработката на новата топлинска пумпа Belaria® pro воздух/вода, инженерите на Hoval се фокусираат на природниот и еколошкиот разладен медиум R290, кој се одликува со неговата исклучително ниска GWP вредност од 3.

 

Два дизајни – компактен и удобен

 

Новата топлинска пумпа Hoval Belaria® pro е достапна во две верзии во однос на нејзината конструкција. Негјзиниот компактен дизајн поседува интегриран резервоар за вода за домаќинство со капацитет од 300 литри во комбинација со технички тампон резервоар од 100 литри. Удобниот дизајн на Belaria® pro вклучува компактна внатрешна единица која може да се монтира на ѕид. „Благодарение на вградениот прекинувачки вентил, топлинската пумпа побрзо ја загрева водата, при што може да се комбинира и со резервоар за складирање на вода за греење и вода за домаќинство. Двете верзии се управуваат од TopTronic® E и поседуваат вградена функција за ладење CleverCool“, објаснија специјалистите.

 

 

Предност на удобната и компактна верзија е можноста да бидат интегрирани во постојниот систем за греење. Со помош на HovalConnect, топлинската пумпа може да се поврзе на Интернет и да се контролира преку паметен телефон или компјутер. Сето ова го претвора Hoval Belaria® про во перспективен избор за сопственици на имоти за едно семејство и две семејства, како нови, така и стари градби кои имаат потреба од модернизација.

 

„Во дополнување на современите системи за подно греење, новата топлинска пумпа е во состојба да снабдува топлина и на конвенционални радијатори. Во случај на обновување на постари згради, постојните радијатори лесно може да бидат користени повторно со Hoval Belaria® pro, заштедувајќи трошоци на сопствениците“, коментираа од фирмата.

 

Адреса: Софија 1407, ул. Борис Руменов бр. 9, зграда 6, канцеларија 3
Телефон: +359 700 20 755  
Е-пошта: office.bg@hoval.com 

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА! 

 

 

Извор на фотографии: Hoval

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »