In Bulgarian In Serbian In Romanian
По дваесет години работа, системот за ладење во луксузниот хотел со 5 ѕвезди во Букурешт JW Marriott Bucharest Grand Hotel има потреба од рехабилитација и модернизација. Како докажан светски лидер во производството на високоефикасни пумпни решенија, данската компанија Grundfos врши бесплатна енергетска ревизија за подетално да ги проучи трошоците за системот за ладење и потенцијалните можности за заштеди што би можеле да се направат со инсталирањето на нова опрема. Од компанијата нудат да се заменат постојните пет пумпи со моќност од 37 kW со три пумпи Grundfos NBE, секоја со моќност од 18,5 kW, со што се обезбедува значителна заштеда на енергија.
Резултатите од извршената енергетска проверка Energy Check на Grundfos покажуваат дека петте пумпи од 37 kW во постојниот систем за ладење во хотелот може да се заменат со само три паметни високоефикасни 18,5 kW пумпи Grundfos NBE, во комбинација со фреквентни конвертори и интелигентен контролер. Предлогот во врска со проектот, исто така, предвидува време на враќање на инвестицијата што е помало од една година, значителни заштеди на трошоци и намалување на јаглеродните емисиите на хотелот. Тимот на Grundfos обезбедува целосна соработка во целиот тек на проектот, инсталирајќи комплетно решение со клуч на рака.
Grundfos Energy Check претставува проценка на постојните пумпни системи што ги идентификува можностите за намалување на оперативните трошоци и зголемување на ефикасноста.
По извршувањето на енергетската проценка, Grundfos му испорачуваат на хотелот:
- 3 Grundfos NBE стандардни пумпи EN733 со финално вшмукување;
- 1 пумпа NBE 125-315/275AXEF2AESBQQEPW3;
- 1 контролер Control MPC Series 2000 96781413;
- 1 сензор за диференцијален притисок.
Проектот за целосна рехабилитација на системот за ладење во JW Marriott Bucharest Grand Hotel опфаќа демонтажа на постојните пумпи и компоненти, инсталирање и пуштање во работа на современ енергетски оптимизиран систем со нови пумпи Grundfos, хидраулични додатоци и контролен орман. По извршената модернизација и врз основа на пресметките во извештајот на енергетската проверка од хотелот во Букурешт, би можеле да очекуваат:
- Заштеда на енергија од 180.619 kWh годишно;
- Заштеда на трошоци од 54.186 евра годишно;
- Време на враќање на инвестицијата од 0,9 години;
- Намалување на емисиите на CO2 за 61,95 тони годишно.
Фреквентните конвертори во новиот систем за ладење се контролираат од интелигентна единица за управување со цел да се постигне максимална ефикасност на пумпите. Решението, исто така, гарантира дека новиот оперативен систем во првата година ќе работи според предвидените од Energy Check заштеди на енергија и трошоци.
Грундфос Србија - Продаја
Адреса: Омладинских бригада 90 в 11070 Нови Београд, Србија
Телефон: +381 11 225 8740,
E-mail: zahtevi@sales.grundfos.com
Грундфос Србија - Производња
Адреса: Обилазни пут Север 21 22320 Инђија, Србија
Телефон: +381 22 367 300
Извор на фотографии: Grundfos