Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

GreMa 3D учествуваше во едукативни иницијативи за да ја отвори вратата за младите луѓе кон огромниот свет на 3D технологиите

11 may 2023

In Bulgarian   In Serbian

 

На 25 април годинава ВТУ „Тодор Каблешков“, Софија, беше домаќин на два клучни настани насочени кон можностите за професионална реализација на своите воспитаници. Тоа беа „Ден на отворени врати“, кој имаше за цел да им ја презентира на идните студенти материјалната база, обуките и перспективите што ги нуди високообразовната институција и „Денот на специјалностите“, настан кој ги состана студентите со нивни потенцијални работодавци. На него тие имаа можност да се запознаат со историјата и со активностите на компаниите-учеснички, работните места што ги нудат, како и потребните за нив квалификации.

 

 

Во иницијативата се вклучи и водечката компанија GreMa 3D (Грејт Мастер), која нуди инженеринг услуги и дистрибуира современи 3D технологии. Компанијата демонстрираше дел од портфолиото на Scantech, а претставници на докажаниот бренд лично го посетија форумот. Во следните редови ќе ви раскажеме повеќе за презентацијата на компанијата и нејзината посветеност кон образованието.

 

Инж. Андреј Дуницов, управител на GreMa 3D, Колин Пан, акаунт менаџер, Бартош Котусиевич, менаџер „Дистрибуција“ за Централна и Источна Европа на Scantech, одржаа информативна презентација со висока додадена вредност за идните специјалисти на тема: „Современи технолошки средства за 3D скенирање, метролошки истражувања и обратно инженерство“.

 

 

GreMa 3D спроведува своја практикантска програма

 

Компанијата нуди работни места за практикантска работа во областа на инспекцијата преку можностите на технологиите за 3D скенирање. Во неа идните специјалисти се соочуваат во практика со инженерските проблеми во подготовката, изведбата и дополнителната обработка на информациите. Специјалистите ќе можат да учествуваат во подготовката на инспекциските протоколи и во подготовката на моделите, ќе се запознаат со употребата на специјализиран софтвер за обработка на податоци и со се што е потребно за правилно разбирање на технологијата. По завршувањето на програмата тие ќе имаат можност да посетуваат образовни институции и бизнис состаноци на кои да ги презентираат информациите пред широката публика.

 

Scantech - современа компанија со поглед кон иднината

 

„Компанијата Scantech е фокусирана на инвестициите во областа на истражувачката  и развојната активност. Професионализмот на основачите и основно поставената работна етика се одговорни за висококвалитетното управување и привлекувањето на првокласни специјалисти. Ова е одлучувачко за технолошкиот и економскиот прогрес на нашите партнери“, сподели инж. Дуницов.

 

 

Претстои да ве запознаеме одблиску со историјата која се наоѓа зад технолошкиот напредок на Scanteh - пионер во областа на 3D технологиите за  скенирање.

 

Адреса: Русе, ул. Љуљак 11

Телефон: +359 88 810 0273

E-mail: office@grema3d.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 Извор на фотографии: Инженер.bg

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »