Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

GreMa 3D: Со решенијата за SLS 3D печат на Sinterit, ја поддржуваме креативноста на патот кон одржлива иднина на индустријата

30 may 2023

In Bulgarian   In Serbian

 

„Ја поддржуваме креативноста на инженери, истражувачи, дизајнери и визионери во нивните активности. Поради оваа причина, се стремиме да изградиме сигурни и долготрајни партнерски односи со докажани и лично проверени производители. Така, на нашите клиенти им обезбедуваме оптимални и лесни за употреба решенија кои се со висок квалитет и се нудат по конкурентни цени. Sinterit создава компактни SLS 3D печатачи, дополнителни уреди и инструменти кои ја прават SLS технологијата достапна и лесна за користење. Нашето партнерство со Sinterit ни овозможува да ги задоволиме потребите на пазарот за адитивно производство во секоја област на индустријата“, коментираа од докажаната компанија специјализирана во областа на 3D технологиите GreMa 3D (Грејт Мастер). Во следните редови ќе ви раскажеме за интересни поединости за производите на Sinterit што ги нуди компанијата.

 

 

Меѓу асортиманот на GreMa 3D ќе најдете производи на Sinterit од следниве категории:

-SLS 3D печатачи од компактната серија Sinterit Lisa;

-Комплетна опрема - сè што е потребно за бескомпромисно прототипирање;

-Специјални инструменти;

-Материјали кои ги задоволуваат потребите на широк опсег на индустрии;

-Периферни уреди, меѓу кои се: механичко сито; уред за пескарење Sinterit Sandblaster.

 

Понуди со кои GreMa 3D ќе одговори на сите ваши очекувања

 

Комплет Sinterit Lisa X Performance:

- LISA X 3D печатач;

- Специјални инструменти;

- ATEX вакуум;

- PHS (станица за обработка на прашина);

- Уред за пескарење SLS;

- Проширен софтвер на Sinter Studio;

- Куфер за транспортирање.

 

 

Комплет Sinterit Lisa Pro – современо и компактно решение за резултати од следната генерација:

- LISA PRO 3D печатач;

- Платформа;

- Специјални инструменти;

- Сито;

- ATEX вакуум;

- Уред за пескарење SLS;

- Проширен софтвер на Sinter Studio;

- Куфер за транспортирање.

 

Дополнителните карактеристики кои ви обезбедуваат чиста и удобна работа со ефективно управување со прав се:

 

Специјално механичко сито за просејување на користениот прав

 

Специјални алатки Sinterit за прав

 

Предностите на сервисниот комплетот вклучуваат:

- Можност за SLS печатење на 360°;

- Добивате се што ви е потребно за професионална изработка;

- Оптимизиран работен процес со помалку отпад.

 

Адреса: Русе, ул. Љуљак 11

Телефон: +359 88 810 0273

E-mail: office@grema3d.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: GreMa 3D (Грејт Мастер), Sinterit, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »