Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

GreMa 3D обезбеди детален 3D модел на статуетка за свадбена торта со скенерот KSCAN Magic

05 december 2024

In Bulgarian In Serbian In Albanian

 

Статуетката на свадбената торта може да биде подеднакво мошне важен детаљ од прославата како и самата венчаница. Замислете си го изненадувањето на докажаниот тим на бугарската компанија за 3D технологии GreMa 3D, кога кај нив доаѓа клиент од гранката за „свадби“ кој има потреба да ги скенира... младенците. „За да ја исполниме желбата на клиентот за висока прецизност на деталите, го користевме 3D скенерот KSCAN Magic, кој е универзален рачен 3D скенер од метролошка класа. Тој претставува иновативна техничка разработка која комбинира инфрацрвен и син ласер за бескомпромисно 3D скенирање“, информираа за BalkanEngineer.com од GreMa 3D.

 

 

„Еден клиент дојде кај нас со љубопитна задача, а имено 3D скенирање и после тоа обработка за 3D печатење на фигура за свадбена торта. Нашиот клиент нашол слободен простор на пазарот, а имено во производството на фигури за свадбени торти поради недостигот на разновидност во моделите. Тој сподели дека првично се обидел да скенира со сопствен 3D скенер, но резултатот бил далеку од неговите очекувања“, раскажа Андреј Дуницов, управител на GreMa 3D.

По разочарувачкото искуство со сопствениот handmade скенер – во однос на квалитет, време и напори, клиентот се сеќава на еден стар подарок - ваучер за потрошен материјал од GreMa 3D. Тој има високо мислење за материјалите на компанијата, поради што одлучува да им се довери и на нејзините инженеринг услуги.

 

Скенерите со кои скенираат во GreMa 3D се наменети за метрологија, за инспекција и контрола во индустријата. Во овој конкретен случај, користена е резолуција од 50 um и стандардна точност од 20 um. Предноста на KSCAN Magic е можноста за скенирање сјајни и црни објекти 10x10x10 mm2, без потреба од специјален спреј. Вградениот фотограметриски систем овозможува бескомпромисно скенирање до најмалиот детаљ - функција користена од најпознатите компании во светот. Неговата резолуција овозможува скенирање на објекти од редот на 6 – 12 m, што го прави погоден за аерокосмичката, автомобилската, транспортната индустрија, инспекцијата и контрола на одлеаноци.

 

Адреса: Русе, ул. Jоргован 11, Бугарија
Tелефон: +359 88 810 0273
E-mail: office@grema3d.com

 

 

 

Извор на фотографии: GreMa 3D (Грејт Мастер), Scantech

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »