Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

GreMa 3D веќе ја нуди на локалниот пазар комплетната опрема за 3D печатење на етаблираниот производител UnionTech

18 april 2024

In Bulgarian In Albanian In Serbian

 

 

Фирмата UnionTech е основана во 2000 година и е една од првите компании што ги поставиле темелите на 3D технологиите и ги воспоставиле како индустријата што ја познаваме денес. Благодарение на својот иновативен пристап, кинескиот производител се гордее со својот голем пазарен удел, широкото индустриско влијание и препознатливост на брендот поврзан со квалитет и иновации. „Среќни сме што сме партнери со докажан лидер во областа како што е UnionTech и да можеме ги нудиме нивните решенија на балканските пазари“, соопштија за BalkanEngineer.com од GreMa 3D, водечка трговска и инженеринг компанија, мотивирана да го потврдува концептот на одржливо производство поставени во развојот на 3D технологиите.

 

 

Производството на UnionTech го затвора циклусот на 3D печатење, опфаќајќи висококвалитетни и сигурни композитни материјали, софтверски производи и широк спектар на 3D печатачи базирани на различни технологии. Високиот квалитет и иновативниот пристап на специјалистите и овозможуваат на компанијата да освои голем пазарен удел. Решенијата на UnionTech се широко распространети во космичката индустрија, електрониката и електричните апарати, стоматологијата, медицината, културата и уметноста, образованието, чевларската индустрија, архитектурата, автомобилската индустрија, прототипирањето и други.

 

GreMa3D се стреми да им понуди на своите клиенти отворени системи, имено како што се производите на UnionTech. Ова значи дека тие не се ограничени со изборот на материјал и обезбедуваат пристап до разновидноста на пазарните материјали, независно од нивниот производител.

 

„Сеопфатниот пристап на UnionTech, кој овозможува целосна интеграција на адитивното производството во рамките на бизнисот, ги издвојува и ги „лансира“ на следното пазарно ниво. Оптимизираните параметри и карактеристики на технологиите и материјалите што ги создава компанијата го претвораат брендот во префериран избор. Благодарение на нашето партнерство со нив, можеме да им обезбедиме на нашите клиенти 3D печатачи на светско ниво“, коментира г-дин Андреј Дуницов, управител на GreMa 3D.

 

 

UnionTech: Сè што е потребно за бескомпромисно 3D печатење

 - Софтвер за 3D печатење

Од UnionTech разработија два софтверски производи за подготовка и обработка на податоците потребни за реализација на 3D печатени производи - Polydevs и Unionfab ONE

 - Материјали за 3D печатење

Во 2015 година, UnionTech ја создаде својата подружница Synthestic за производство на 3D печатени материјали. Компанијата поседува специјализирана лабораторија фокусирана на научно истражување и развојна активност во оваа област.

 - Печатачи за 3D печатење

Инженерите на UnionTech разработија 3D печатачи од висока класа базирани на различни технологии за 3D печатење.

 

Адреса: Русе, ул. Љуљак 11

Телефон: +359 88 810 0273

E-mail: office@grema3d.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: GreMa 3D (Грејт Мастер), UnionTech

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »