Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

GreMa 3D: Создавањето на човечка колонија на Месечината е чекор поблиску до реалноста со иновативните 3D принтери на Сraftbot

20 october 2023

In Bulgarian  In Serbian

 

Адитивното производството е докажан брз и еколошки метод за прототипирање, производство на резервни делови и лимитирани производи со уникатен дизајн. Печатарите за 3D печатење стануваат се повеќе и повеќе распространети - од киното (забелешка на уредникот: се користат за создавање реалистички 3D модели на човечки тела кои учествуваат во блокбастери) па се до вселената, придонесувајќи за изработка на максимално реални тест модели на живеалишта кои ги подготвуваат астронаутите за нивните вселенски патувања. Во следните редови, специјалистите од водечката трговска и инженеринг компанија во областа на 3D технологиите - GreMa 3D, раскажуваат љубопитни детали за амбициозниот проект на данските архитекти од SAGA Space Architects, спроведен во 2020 година. Живеалиштето наменето за тестирање, со називот„The LUNARK“, е реализирано со користење на наградуваниот 3D печатач Craftbot Plus во областа на Plug & Play системите.

 

 

Проектот „The LUNARK“ е модерна и нестандардна конструкција со компактни димензии. Архитектонското ремек-дело се напојува со соларна енергија, при што обезбедува и високо ниво на естетика и удобност на внатрешниот простор за живеење.

 

„За остварување на симулациската мисија што е можно пореалистички, „The LUNARK“  е позициониран на Арктикот, каде освен суровата клима, светлосното зрачење е слично на она на Месечината. Амбициозниот проект е реализиран со учеството на 3D печатачите Craftbot Plus, кои целосно ги задоволуваат високите барања за производство на компоненти што издржуваат на екстремни експериментални услови“, коментираа професионалците од GreMa 3D и продолжија: „Поради екстремната природа на мисијата, користените 3D печатачи мора да бидат сигурни, компактни, тивки и флексибилни во однос на материјалите со кои можат да печатат. По спроведувањето на многу тестови за продуктивност на 3D принтери разработени од водечки производители, специјалистите го избираат наградуваниот 3D печатач на Craftbot. Тој се одликува со голема брзина и квалитет на печатење, голема сигурност и повторливост, а технологијата Plug & Play го овозможува неговото директно користење - веднаш по вадењето од кутијата.“

 

Craftbot, докажан развивач и производител на иновативни решенија за 3D печатење, испорачува 8 принтери Craftbot Plus и 3 печатачи Craftbot3 кои се користат за печатење делови за „The LUNARK“. Алтернативното живеалиште беше подложено на 3-месечен теренски тест на Арктикот.

 

Со принтерите на Craftbot се испечатени вкупно 113 компоненти кои се користат за создавањето на револуционерно живеалиште за симулирање на суровите услови на живот на Месечината. Прототипот вклучува серија од вградени дигитални софтверски системи, вклучително симулатор на метеоролошки услови и реактор за алги што се користи за хранење и набљудување на изворот на храна на жителите. „За време на експерименталната мисија, 3D печатачот Craftbot беше од суштинско значење за печатење на резервни делови, алати, па дури и ѕидни делови што се виткаат, а што се потребни за одржување на живеалиштето“, објаснија специјалистите.

 

 

Карактеристични предности на иновативното решение за 3D печатење разработено од инженерите на унгарската компанија Craftbot се:

-Сигурност;

-Целосно метален грејач чија температура достигнува до 300 °C;

-LCD екран на допир во боја;

-Висококвалитетно печатење;

-Помалку проблеми со филаментот;

-5 години гаранција – една од најдолгите во индустријата;

-Брза испорака и други

 

Адреса: Русе, ул. Љуљак 11

Телефон: +359 88 810 0273

E-mail: office@grema3d.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: GreMa 3D (Грејт Мастер), Craftbot

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »