Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

GreMa 3D: Печатачите Lynxter се „паметни“, брзи и прецизни 3D скалабилни решенија за адитивно производство од нова генерација

14 january 2024

In Bulgarian  In Serbian  In Albanian

 

GreMa 3D е водечка бугарска трговска и инженеринг компанија која работи во сферата на 3D технологиите. Компанијата поседува широко портфолио на производи што вклучува иновативни решенија за 3D печатење, 3D скенирање и софтверска обработка. Постојано ја проширува својата партнерска мрежа на докажани светски производители, засновајќи ги нивните разработки на иновативни технологии. Најновото надополнување меѓу понудените од GreMa 3D брендови е Lynxter, француски производител на 3D печатачи.

 

 

„Во ерата на дигитализацијата, кога паметните технологии и автоматизацијата имаат приоритет во индустријата, Lynxter се фокусира на „паметните“ решенија. Тесната соработка со развивачите на производи и инженери и овозможува на компанијата да создаде некои од најдобрите алатки за остварување на проекти од нова генерација“, коментираа од GreMa 3D.

 

Под мотото „Интелигентно, одговорно 3D печатење“, Lynxter го создава 3D печатачот S600D кој го носи „ветрот на промените“. Мултифункционалниот уред е разработен за иноватори кои се осмелуваат да иновираат и да ги развиваат производите од иднината. Тој дава можност за одржливо адитивно производство со оптимизирано користење на природните ресурси преку рециклирање на материјалите.

 

„Модуларните решенија на Lynxter за адитивно производство се мулти-материјални и мулти-процесни. Тие го трансформираат индустриското производство, здравствената заштита и научните истражувања во областа на брзото прототипирање, одржувањето, протезирањето, разработката на усовршени ортопедски влошки и многу друго. Освен мултифункционалниот S600D, Lynxter го нуди и 3D печатачот S300X – исклучително ефикасен предлог за печатење на медицински и индустриски силикони и полиуретани“, објаснија бугарските професионалци.

 

 

Предностите на 3D печатачите Lynxter

 

S600D – „паметно“ и универзално решение, со гарантирана безбедност и зголемена моќност

Моделот е индустриски 3Д печатач од големи размери со отворен систем за материјали, 6 глави за екструдирање и исклучително флексибилен мултипроцесен центар што ја овозможува реализацијата на 3 различни процеси на печатење. Мешајќи бои, материјали и процеси, ова универзално решение има потенцијал да го отвори целиот капацитет на креативност. S600D е брз, прецизен и помоќен од традиционалните 3D печатачи. Успешно печати технички материјали, а неговата модуларна конструкција е предуслов за неговата широка област на примена. „Освен тоа, S600D поседува автоматски систем за управување, далечинско поврзување, како и затворена и филтрирана средина за печатење (HEPA 14 + активирана јаглеродна филтрација), благодарение на што целосно ги исполнува барањата за здравје и безбедност на корисникот“, информираа уште специјалистите.

 

Адреса: Русе, ул. Љуљак 11

Телефон: +359 88 810 0273

E-mail: office@grema3d.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: GreMa 3D (Голем мајстор), Lynxter

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »