Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

GreMa 3D: Индустриските 3D печатачи на Craftbot обезбедуваат висок квалитет на печатење во широк опсег на примена

16 march 2023

In Bulgarian  In Serbian

 

„Craftbot е глобална компанија чии производствени можности можат да ги задоволат клиентските барања како на индустриски, така и на крајни корисници. Портфолиото на брендот вклучува компактни и десктоп, како и големи 3D печатачи наменети за индустриска употреба. Во нашиот каталог ќе ги најдете индустриските предлози - Craftbot Flow Idex и Craftbot Flow Idex XL“, коментираа од трговската и инженеринг компанија - GreMa 3D (Грејт Мастер). Во следните редови ќе ви обезбедиме повеќе информации за компанијата Craftbot и за техничките карактеристики на 3D печатачите на брендот.

 

 

„Централната канцеларија на Craftbot се наоѓа во главниот град на Унгарија, каде што се сместени и два од нејзините производствени капацитети. Едниот се наоѓа на остров Сабаткикато (Szabadkikötő) во Будимпешта, а другиот во Кечкемет (Kecskemét). Компанијата има и подружници во САД и Канада. Craftbot се етаблира на пазарот како глобален бренд кој ја оправдува клиентската доверба со висококвалитетни и сигурни технологии. Во основата на нивното производство е разработката на целосни решенија во корист на клиентот, вклучително хардвер, софтвер, филамент, додатоци и техничка експертиза за да се извлече максимумот од адитивното производство. Го цениме нашето партнерство со Craftbot токму поради вредностите на компанијата и вештините на специјалистите кои се одговорни за нејзиниот развој“, разјаснија од GreMa 3D.

 

Додадената вредност што ја добивате со 3D печатачите на Craftbot:

- Сигурен и цврст дизајн;

- Висок квалитет на печатење: висока резолуција – до 50 µm;

- 5 години гаранција;

- Брзо локално производство (RLM): Зголемен производствен капацитет со RLM технологија;

- Одличен сооднос цена - квалитет;

- Можност за онлајн поддршка;

- IoT можности: далечински пристап и контрола на вашите машини Craftbot Flow со целосна функционалност.

 

3D печатачите Craftbot наоѓаат одлична примена во следниве области:

- Инженеринг;

- Производство;

- Медицински потрошни материјали;

- Прототипирање;

- Уметност и мода.

 

Предности на глобалниот бренд Craftbot:

- Засилена челична рамка;

- Висока резолуција – до 50 µm;

- IoT интерфејс;

- Целосно метален грејач – до 300 °C;

- LED индикатор за состојба;

- 5” екран на допир во боја;

- Лесно штелување;

- Двоен погон.

 

 

3D печатач Craftbot Flow Idex

 

Овој модел има:

- Независен двоен екструдер;

- Платформа за изградба од калено стакло и Kapton;

- Голем волумен на изградба.

 

Испораката се остварува по претходно барање во рок од 4 работни дена.

 

Технологијата за печатење FDM/FFF ви овозможува:

- Волумен на изградба – 425 x 250 x 250 mm;

- Печатење со единичен екструдер – 386 x 250 x 250 mm;

- Печатење со двата екструдера – 351 x 250 x 250 mm;

- Екструдер: двоен екструдер со директен погон;

- Резолуција на слоевите – 50 µ;

- Прецизност на позиционирање X/Y/Z– 12,5 x 12,5 x 5 µ;

- Дијаметар на филаментот – 1,75 mm;

- Дијаметар на млазницата – 0,4 mm;

- Температура на работната платформа – 30 °C - 110 °C;

- Температура на млазницата – 180 °C - 300 °C;

- Брзина на печатење – 50 - 200 mm/s;

- Видови на филаменти – PLA, ABS, HIPS, PET, најлон, итн.;

- Ниво на бучава ~ 48 - 49 dB.

 

Карактеристики на софтверот:

- Тип – CraftWare;

- Типови на датотеки што ги поддржува и обработува – OBJ, STL.

 

Технички параметри на CRAFTBOT Flow Idex:

- Боја – сива и бела;

- Димензии на рамката – 635 x 450 x 540 mm;

- Тежина при транспорт – 45,5 kg (нето тежина 32 kg);

- Димензии на транспортната кутија – 760 x 560 x 730 mm.

 

 

3D печатач CRAFTBOT Flow Idex XL

 

Овој модел има:

-Независен двоен екструдер;

-Платформа за изградба од калено стакло и Kapton;

-Голем волумен на изградба.

 

Испораката се врши по претходно барање во рок од 4 работни дена.

 

Технологија на печатење – FDM/FFF ви овозможува:

- Волумен на изградба: 425 x 250 x 500 mm;

- Екструдер: двоен екструдер со директен погон;

- Резолуција на слоевите: 50 µ;

- Прецизност на позиционирање X/Y/Z: 12,5 x 12,5 x 5 µ;

- Дијаметар на филаментот 1,75 mm;

- Дијаметар на млазницата 0,4 mm;

- Температура на работната платформа: 30 - 110 °C;

- Температура на млазницата: 180 - 300 °C;

- Брзина на печатење: 50 - 200 mm/s;

- Видови филаменти: PLA, ABS, HIPS, PET, најлон итн.;

- Ниво на бучава ~ 48 - 49 dB.

 

Карактеристики на софтверот:

- Тип – CraftWare;

- Типови на датотеки што ги поддржува и обработува – OBJ, STL.

 

Технички параметри на CRAFTBOT Flow Idex XL:

- Боја – сива и бела;

- Димензии на рамката – 635 x 450 x 790 mm;

- Тежина при транспорт – 53 kg (нето тежина 38 kg);

- Димензии на транспортната кутија – 760 x 560 x 985 mm.

 

Еколошки одраз на 3D печатачите во производството

 

Адреса: Русе, ул. Љуљак 11

Телефон: +359 88 810 0273

E-mail: office@grema3d.com 

 

 

 

Извор на фотографии: GreMa 3D (Грејт Мастер), Craftbot, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »