Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

FANUC го испорача својот милионити индустриски робот и уверено гледа кон технологиите во фабриките на иднината

19 october 2023

In Albanian  In Bulgarian

 

FANUC Corporation неодамна одбележа важна пресвртница во индустриската автоматизација со испорака на својот милионити индустриски робот. Компанијата, која ги испорачува своите CNC системи, роботи и машинска опрема на клиентите ширум светот, е пионер во фабричката автоматизација. Нејзините инженери го имплементираа првиот разработен од нив робот во сопствената производна линија на концернот во далечната 1974 година. „До неодамна, индустриските роботи традиционално се користеа главно во автомобилската и електронската индустрија. Денес тие можат да се видат во различни индустриски гранки и бизниси, вклучително во прехранбената и фармацевтската индустрија, па дури и во занаетчиските компании“, коментираа од ФАНУК Бугарија.

 

 

FANUC нуди повеќе од 200 модели на роботи кои вршат различни производствени задачи како што се заварување, бојадисување, склопување и пакување. Колаборативните роботи добиваат на популарност бидејќи можат да работат заедно со луѓето без надворешни безбедносни огради. Но, традиционалните индустриски роботи сè уште доминираат во индустријата и нивното користење, како на пример во автомобилската индустрија, ја забрзува транзицијата кон електричната мобилност.

 

Во 1977 година, FANUC го разработи и пушти во сериско производство координатниот робот со цилиндричен опсег FANUC Robot Model 1. Оттогаш до денес, тој еволуираше во FANUC Robot S-Model 420, кој се користи во многу линии за склопување на каросерии на автомобили, и до FANUC R -2000iA, кој беше разработен во 2000 година и се одликува со значително подобрена сигурност, продуктивност и ефикасност.

 

Во текот на изминатите години, проширувањето на автоматизацијата кон уште поширока палета на примена доведе до разработка на различни серии на модели, на пример, серијата мали и средни роботи ARC Mate за електролачно заварување, серијата мали роботи LR Mate што може да се монтираат директно врз машински алати за послужување на машини, серијата M-710i, серијата M-410i и серијата M-900i за обработка на материјали“, коментираа од ФАНУК Бугарија.

 

 

„FANUC освен тоа го прошири своето портфолио со лансирање на пазарот на нови модели со кои да одговори на барањата на своите клиенти, вклучително роботот со најголема носивост M-2000i и роботите SCARA и Delta за склопување и ракување со голема брзина“. Во 2017 година, 40 години откако првиот FANUC робот излезе од производствената лента, кумулативниот број на произведените индустриски роботи изнесуваше вкупно 500.000“, додаваат уште  од ФАНУК Бугарија.

 

Централна канцеларија

Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД

Телефон: +359 2 492 9369

E-mail: service.bg@fanuc.eu

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: ФАНУК Бугарија, FANUC

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »