In Bulgarian In Romanian In Serbian
Последните недели обележаа нов работен ритам за сите. Меѓу компаниите чија активност е реорганизирана според новите реалности е и B2N - докажана бугарска компанија која нуди на пазарот сè што е поврзано со 3D – технологиите, вклучително печатари, скенери, софтвер, потрошен материјал и услуги. „Ние се приклучивме на иницијатива организирана од Фејсбук групата Emergency Hardware COVID-19. За неколку дена, повеќе од 100 сопственици на 3D печатачи се собраа во неа, кои започнаа со добротворни цели производство на заштитни шлемови за лекарите во земјата“, изјавија од B2N за BalkanEngineer.com.
B2N, со помош на катедра Телекомуникации при Универзитетот во Русе „Ангел Канчев“, произведе и веќе достави заштитни шлемови на проф. д-р Татјана Червенјакова, извршен директор на Специјализирана болница за активно лекување на заразни и паразитски болести „Проф. Иван Киров“ во Софија.
Денес B2N е официјален претставник на водечки компании во 3D -индустријата ширум светот. Како бугарската компанија така и нејзините партнери се дел од најразлични иницијативи кои имаат огромна додадена вредност, особено за време на пандемијата COVID-19.
„Горди сме што брендовите што ги застапуваме на бугарскиот пазар и на Балканот се активно посветени на борбата против корона вирусот. Нашите партнери од Raise3D Technologies собираат контакти од сопственици на 3D принтери или споделени лаборатории за печатење со 3D, кои можат да бидат вклучени во производството на многу потребните медицински делови и заштитна облека. Компанијата ќе создаде мапа на која се прикажани болниците, каде во нивна близина има некој кој сака да го преземе и изработи она што им е потребно“, споделија од B2N.
Ако и Вие имате 3D печатач или лабораторија за 3D печатење и сакате да и се приклучите на иницијативата, можете да ги пополните вашите податоци за специјалниот формулар.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: B2N