Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

B2N: 3D печатачите Formlabs обезбедуваат пазарна предност за лидер во разработка и производството на автономни БЛА

22 september 2023

In Bulgarian

 

3D печатењето има многу предности, поради што со право се прифаќа како оптимален метод за производството на некои резервни делови, прототипови или ограничени серии. Неговиот континуиран развој и усовршување во последниве години покажуваат негово воспоставување како доминантен метод на одржливо производство. Специјалистите на B2N Additive Manufacturing Ecosystem  нудат високотехнолошки решенија засновани на 3D технологии од докажани светски производители, како и широк спектар на инженерски услуги и обуки во областа. Во следните редови ќе дознаете детали поврзани со придонесот на решенијата на брендот Formlabs во разработката на Skydio, кои се етаблираа како водечки предлог на пазарот на беспилотни летала (БЛ /Unmanned air systems, или UASs).

 

 

„Производителите ширум светот се обидуваат да се прилагодат на навлегувањето на вештачката интелигенција (AI) во индустријата, но една компанија за беспилотни летала ги постави стандардите за системи кои се движат со AI. Skydio е водечки производител на беспилотни летала во САД и еден од светските лидери во автономните летови. Нивната линија на беспилотни системи за летање (UASs) и новите производи на Dock отвораат нови можности за индустриските правци - енергетски услуги, транспорт, јавна безбедност, истражување на животната средина и други. Имено технологијата за 3D печатење е адут на хардверскиот тим, што му помага да биде во чекор со усовршениот софтверски развој на Skydio“, коментираа од B2N.

 

Skydio – иноватори во областа на БЛА

 

„Бидејќи употребата на БЛ од новата генерација често се поврзува со тешко достапни зони, беспилотните летала на Skydio мора да бидат проектирани со висока издржливост и оптимални параметри за да се обезбеди нивната сигурна функционалност. Прототипирањето и, поконкретно, 3D печатењето со SLA технологија играат суштинска улога во нивната успешна реализација. Прототипите обезбедуваат вредни информации потребни за да се создаде саканиот детаљ со вбризгување. Прецизноста на печатењето е директно поврзано со квалитетот на крајниот детаљ и поради оваа причина од Skydio ги избираат решенијата Formlabs“, објаснија од B2N, официјален партнер и дистрибутер на Formlabs.

 

Дизајнот е серија на компромиси во потрага по „златната средина“, но Formlabs го оптимизира процесот

 

Проектирањето на беспилотни летала е процес кој бара компромиси на патот кон „златната средина“ помеѓу автономија-одржливост-брзина кои зависат од масата на БЛ. Можностите на 3D печатењето овозможуваат да се донесе оптимална одлука врз основа на прототипови. Така, 3D печатачите Formlabs придонесуваат за побрзо финализирање на хардверските разработки, што е значајна конкурентска предност.

 

Деловите направени со материјали за обликување и 3D печатачите на Formlabs изгледаат и се чувствуваат како финалните производи произведени од машини за вбризгување, што овозможува да се направат корекции на дизајнот на прототиповите.

 

 

„Со проширувањето на производните линии на Skydio и растот на разработката на сопствени решенија, 3D печатењето станува повеќе од алатка - им овозможува на хардверските тимови да бидат во чекор со огромната брзина на софтверскиот развој“, додадоа од B2N.

 

Главна канцеларија

Адреса: Софија 1700, бул. „Д-р Г.М. Димитров“ 95

Телефон: +359 886 008 008

Е-пошта: info@b2n.bg

 

Macedonia:

3D Hub

Адреса: Dimitrie Cupovski 31

Телефон: 389 2510 2454

E-пошта:hi@3dhub.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: B2N Additive Manufacturing Ecosystem, Formlabs

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »