Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

B2N: 3D печатењето и Ultimaker ги менуваат правилата на игра во прехранбената индустрија

04 december 2020

In Bulgarian   In Romanian   In Serbian

 

Поради динамиката на побарувачката и однесувањето на потрошувачите, производителите на храна и пијалаци треба да бидат флексибилни и прилагодливи за да успеат во конкуренцијата на пазарот. Денес, со помош на етаблираната бугарска компанија B2N, ќе Ве запознаеме со еден од лидерите на пазарот кој ја користи технологија на Ultimaker за да ги намали своите трошоци. Gerhard Schubert печати персонализирани алатки за неговите машини за пакување на прехранбена стока, која ја доставува до некои од најголемите имиња во прехранбената индустрија.

 

 

Машини за пакување со горно полнење (TLM)

 

„Gerhard Schubert е лидер на светскиот пазар на машини за пакување со горно полнење (TLM). Во своите дигитални машини базирани на роботи, Schubert комбинира механика, интелигентна технологија на управување и висока модуларност. И сега 3D печатењето помага за понатамошно подобрување на ова решение“, коментираа за BalkanEngineer.com од фирма B2N.

 

Линии за пакување за специјални прилики

 

Многу вреден дел од активноста на Schubert е создавање на нови алатки за машините за пакување. Овие алатки овозможуваат машините да работат со различни производи. Со помош на нова алатка, на пример машина што се користи за завиткување на чоколадни зајачиња за Велигден, може да се прилагоди за чоколадни божиќни фигури за време на претстојната празнична сезона.

 

 

Создавање на дигитален магацин

 

Иако 3D печатените делови имаат огромен успех, нивното испраќање до клиенти одзема доста време. За да се компензира ова, Schubert моментално нуди решение за 3D печатење за широк спектар на алатки. „Ова е можно со 3D печатач на Ultimaker. Така, кога на клиентите им требаат нови алатки или делови, тие можат да ја разгледаат онлајн библиотеката на Schubert која функционира како дигитален магацин и веднаш да го отпечатат тоа што им треба“, додадоа од В2N, партнер на компанијата Ultimaker.

 

Главна канцеларија

Адреса: Софија 1700, бул. „Д-р Г.М. Димитров“ 95

Телефон: 0886 008 008

Е-пошта: info@b2n.bg

 

Канцеларија во Пловдив

Адреса: Пловдив 4010, бул. „Асеновградско шосе“ бр.11

Телефон: 0896 950 930

Е-пошта: plovdiv3d@b2n.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјал: B2NUltimaker

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »