Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

B2N: Нашето ново партнерство со BCN3D има за цел да го забрза развојот на пазарот за адитивно производство

12 april 2022

In Bulgarian  In Romanian  In Serbian

 

На 3 февруари 2022 година во Барселона, B2N - официјален претставник и водечки дистрибутер на висококвалитетни дигитални производствени технологии за Југоисточна Европа и BCN3D - лидер во производството на решенија за 3D печатење, го објавија своето партнерство насочено кон обезбедување на најдоброто можно послужување и сервис за земјите од Југоисточна Европа.

 

 

„B2N им помага на малите и големите бизниси да ги отклучат своите можности за флексибилно и одржливо производство преку имплементирање на методи на адитивно производство. Нашите 3D решенија помагаат за подобрување на развојните активности, времето на производство и намалување на трошоците за изработка на поединечни компоненти, алати и цели производи“, споделија од компанијата.

 

„Избравме да работиме со производите на BCN3D бидејќи во последните две години го набљудуваме нивниот постојан раст како во однос на иновативните технологии така и во однос на уделот на пазарот и воспоставените клиенти. Среќни сме што соработуваме со младиот, мотивиран и инвентивен тим на BCN3D и заедно да добиеме нови клиенти на Балканот, на кои можеме да им понудиме индивидуални решенија. Јас лично наоѓам закономерност во сè и мислам дека не е случајно колку лесно може да се помешаат имињата на BCN и B2N“, низ насмевка изјави г-дин Бојан Пехливанов, основач и управител на B2N.

 

 

Управителот на BCN3D г-дин Хавиер Мартинез Фанека исто така коментира: „Среќни сме што соработуваме со B2N. Ова е сојуз кој ќе ни помогне да ги зголемиме нашите трговски иницијативи во регионот на Југоисточна Европа“.

BCN3D е еден од водечките светски производители на решенија за 3D печатење со 3D печатачи инсталирани во повеќе од 60 земји. Меѓу клучните клиенти на производителот се Nissan, BMW, NASA, Camper, Louis Vuitton, Универзитетот во Масачусет  (MIT) и многу други.

 

Главна канцеларија

Адреса: Софија 1700, бул. „Д-р Г.М. Димитров“ 95

Телефон: 0886 008 008

Е-пошта: info@b2n.bg

 

Macedonia:

3D Hub

Адреса: Dimitrie Cupovski 31

Телефон: 38925102454

E-пошта:hi@3dhub.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: B2N, BCN3D

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »