In Bulgarian In Romanian In Serbian
Како нов, динамичен метод на производство, 3D печатењето постојано нè воодушевува со неговите можности. Затоа од фирма B2N, организаторот на Additive days 2020, ќе соберат на едно место што е можно повеќе традиционални, па дури и неверојатни апликации за адитивно производство, кои имаат огромен потенцијал да се претворат во дел од нашиот секојдневен живот. Конференцијата ќе се одржи од 20 до 23 февруари 2020 година, а ќе се осврне на неколку клучни теми, вклучително медицина, инженерство и архитектура.
Настанот ќе започне на 20-ти февруари со отворање на тематска изложба, која ќе биде достапна во наредните два дена. И таму ќе видиме:
- модел на ѕид од 3D куќата GAIA, печатена од природни материјали;
- Изложба во изложбата: „Темна обиколка на Универзумот“, во која се вклучени 3D печатени тактилни модели на познати астрономски фотографии;
- Примери за примена на 3D печатењето во образованието;
- Изложба на 3D печатени статуетки и многу други.
Доколку и вие со интерес ја следите 3D технологијата, не заборавајте да го побарате вашиот бесплатен пристап од ТУКА.
|
Медицина
Едно извонредно бугарско учество во овој панел ќе биде тоа на д-р Цветан Минчев, раководител на одделот за Торакална хирургија во болница „Токуда“, кој во 2018 година пресадува 3D печатено ребро на пациент. Операцијата е прва од ваков вид во светот. А гостите на Additive days ќе можат да се сретнат со него на 21 февруари.
Инженерство
Во вториот дел од програмата на 21 февруари, Алкаиос Борниас Варотсис, доктор по Адитивно производство ќе направи преглед на индустријата за адитивното производство а од Ultimaker ќе ни раскажат за примери за адитивно производство во автомобилскиот и амбалажниот сектор и поконкретно за тоа, како фабриките на Ford и Heineken го користат 3D печатењето.
Архитектура
Архитектонскиот панел ќе се одржи на 22 февруари, а еден од лекторите ќе биде Алдо Солацо - раководител на катедрата за Роботика и иновативна градба во Institute of Advanced Architecture of Catalonia и директор на компанијата за печатење 3D Noumena.
Интегрален дел од настанот ќе биде Експо зоната, каде компании од бугарскиот и балканскиот пазар ќе ги изложат своите производи и услуги од областа на адитивното производство.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: B2N