Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

AquaThermica – бојлер со топлинска пумпа со автоматски циклус против Легионела на Теси

10 june 2020

In Bulgarian   In Romanian   In Serbian

 

Системите со топлинска пумпа можат ефикасно да обезбедат како греење така и топла вода за домот (ТВД). За да ги задоволиме потребите од висококвалитетно решение во овој неискористен дел од пазарот, докажаниот бугарски производител на опрема за греење Теси вклучи во своето портфолио на производи специјални модели разработени имено за оваа специфична намена. „AquaThermica е бојлер со топлинска пумпа од типот „воздух-вода“ со можност да работи со обновливи извори на енергија, што придонесува за постигнување на чиста животна средина со значително намалување на емисиите на CO2“, соопштија за BalkanEngineer.bg од Теси.

 

 

Гамата на бојлери AquaThermica вклучува модели со волумен од 200 литри и 260 литри, со можност за поврзување со други обновливи извори на енергија, како што се фотоволтаици и соларни системи или котли. Моделите од гамата се нудат во две верзии - со разменувач на топлина и без разменувач на топлина.

 

„Уредите обезбедуваат исклучителна сигурност и ги исполнуваат највисоките стандарди за квалитет“, нагласија од бугарската компанија, која е меѓу лидерите во производството на бојлери и опрема за греење во Европа.

 

 

Предности на AquaThermica:

 

 - Температурата на ТВД достигнува до 65 °C, загреана само со работата на агрегатот на топлинската пумпа;

 - Бојлерите со топлински пумпи имаат класа на енергетска ефикасност А+;

 - AquaThermica има висок коефициент на енергетска трансформација. Моделот може да обезбеди до 75% пониски трошоци за топла вода во споредба со електричен бојлер;

 - Температурниот дијапазон на околината во која работат уредите е исклучително широк - од -10 °C до 43 °C;

 - Ефикасниот процес на бојлерот со топлинска пумпа е обезбеден со електронски прилагодлив вентил, кој преку степер мотор прецизно го регулира циклусот на ладење;

 - ЛЦД-дисплеј пријателски за корисниците. Бојлерот е опремен со електронски дисплеј за лесна визуелизација на различните режими на работа и обезбедува интуитивност и удобност при користење на чувствителен екран на допир.

 

Сите модели од гамата имаат автоматски циклус против Легионела, како и систем за самодијагностицирање.

 

 

Извор на фото материјалТеси

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »