Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Фирма Телетек Електроникс беше одликувана како „Компанија на годината 2023“ на бизнис форумот „Електроиндустрија 2024“

08 june 2024

In Bulgarian  In Albanian  In Serbian

 

Повеќе од три децении, фирма Телетек Електроникс несомнено ги потврдува, развива и проширува своите лидерски позиции во производството на опрема за противпожарен аларм и сигнално-безбедносна техника како на бугарскиот, така и на меѓународните пазари. Докажаниот професионализам, новаторство, пионерски дух, достигнувања и успеси во изминатата година заслужено и ја донесоа на компанијата наградата „Компанија на годината 2023“ за време на овогодинешното издание на бизнис форумот „Електроиндустрија 2024“ во април оваа година.

 

 

„Електроиндустрија 2024“ е еден од најголемите настани од областа на електротехничката и електронската индустрија кај нас, организиран заеднички од Бугарската асоцијација за електротехника и електроника (БАСЕЛ) и Извршната агенција за охрабрување на мали и средни претпријатија (ИАНМСП).

 

Тематски акценти во програмата на „Електроиндустрија 2024“ беа трендовите и предизвиците со кои се соочува домашната електроиндустрија, дигиталната трансформација, транзицијата кон зелена иднина, електромобилноста и добрите меѓународни практики. Форумот дава можности за воспоставување на бизнис контакти и изградба на нови партнерства, презентирање на технолошки решенија од нова генерација, размена на искуства со експерти и претставници на водечки компании итн. Во рамките на настанот беа врачени и наградите на БАСЕЛ за 2023 година.

„За нас е голема чест и привилегија што за време на овогодинешното издание на бизнис форумот „Електроиндустрија 2024“ бевме наградени во категоријата „Компанија на годината 2023“. За нас тоа е признание за напорите, работата и патот по кој одиме заедно повеќе од 30 години со нашите истомисленици, партнери и клиенти“, коментираа за BalkanEngineer.com од Телетек Електроникс.

 

Компанијата беше одликувана како првенец во категоријата, исполнувајќи ги сите критериуми, вклучително:

-Воведување на иновативни технологии;

-Реализација на иновативен проект;

-Инвестиции;

-Значајни пазарни достигнувања;

-Отворени работни места.

 

 

Телетек Електроникс е меѓу најголемите развивачи и производители на сигнално-безбедносна и противпожарна техника и технологии кај нас и во Европа. Компанијата не престанува да се развива, усовршува и ги проширува своите активности, а минатата година отвори врата и нејзината нова модерна високотехнолошка фабрика во Софија, Бугарија. Производствената база на компанијата е сместена на површина од 11.000 квадратни метри и е опремена со најсовремени машини и иновативни технологии кои целосно се усогласени со највисоките меѓународни стандарди.

„Да ги заштитиме и сочуваме луѓето и нивниот имот преку безбедни, сигурни и иновативни производи што спасуваат животи и безбедносни алармни системи е наша мисија и приоритет број еден“, додадоа уште од компанијата.

 

Телетек Електроникс

Адреса: Софија 1407, ул.Сребарна 14А

Телефон: +359 2 969 48 00

E-mail: info@teletek-electronics.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Телетек Електроникс, БАСЕЛ  

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »