Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Систем Grundfos MIXIT и пумпи MAGNA3 ја зголемуваат енергетската ефикасност и удобноста на станбен комплекс во Ниш, Србија

19 april 2024

In Bulgarian  In Romanian  In Serbian

 

Благодарение на долгогодишното искуство во разработката на високотехнолошки и ефикасни пумпни решенија, тимот за развој на Grundfos го создаде и последователно го патентира иновативниот уред „сè-во-едно“ MIXIT. Комбинирајќи ги сите компоненти на традиционалното  коло за мешање, решението може да ја зголеми енергетската ефикасност во системите за греење и ладење во станбени, трговски, деловни и индустриски згради. Одличен пример за успешна примена на овој иновативен концепт е проектот Grundfos за модернизација на грејната инсталација во станбена зграда во Ниш, Србија. Имплементацијата на Grundfos MIXIT во комбинација со пумпите од најнова генерација MAGNA3 води до заштеда на енергија од 27% и значително намалување на сметките за греење за станарите.

 

 

Предизвикот – ниска енергетска ефикасност и зголемени трошоци

 

Локалниот систем за греење на неколку станбени згради и една куќа во српскиот град Ниш има потреба од замена на опремата, бидејќи таа не е модернизирана од самата нејзина инсталација. По завршената проценка на тим на Grundfos, резултатите покажуваат намален капацитет на инсталацијата, која е со моќност од 1,2 MW и е сместена во сутеренот на едната зграда, од каде загреаната вода се транспортира директно до радијаторите на крајните корисници. По децении во експлоатација, нејзината енергетска ефикасност е сериозно намалена, при што истовремено автоматскиот систем за управување на греењето не функционира.

 

Решението – хидраулично балансиран и енергетски ефикасен систем за греење со Grundfos MIXIT

 

Инженерскиот тим на Grundfos нуди целосно раздвојување на инсталацијата со помош на хидрауличен вентил на примарното и секундарното коло. Ова обезбедува независна распределба на топлинската енергија до самите згради, благодарение на системот Grundfos MIXIT. На овој начин преку хидрауличниот вентил се доставува точно онолку топлинска енергија кон живеалиштата колку што е потребно за нивното загревање според тековната надворешна температура. 

 

Распределбата на енергијата зависи од температурниот сензор монтиран пред хидрауличниот прекинувач на примарното коло. Во зависност од измерената температурна вредност, системот Grundfos MIXIT се вклучува и соодветно запира, а со тоа и загревањето на комплексот. Кога инсталација на котелот ја загрее температурата на водата во примарното коло до штелуваната вредност, сензорот испраќа сигнал до системот MIXIT, кој започнува да работи и соодветно да ги загрева станбените згради.

 

 

Имплементацијата на системот Grundfos MIXIT во комбинација со пумпите MAGNA3 допринесе до заштеда на енергија од 27%, намалувајќи ги сметките за греење на станарите и обезбедувајќи удобност во просториите со точната количина на топлинска енергија што им е потребна за целта.

 

 

Грундфос Србија - Продаја

Адреса: Омладинских бригада 90 в 11070 Нови Београд, Србија
Телефон: +381 11 225 8740,
E-mail: zahtevi@sales.grundfos.com

Грундфос Србија - Производња

Адреса: Обилазни пут Север 21 22320 Инђија, Србија
Телефон: +381 22 367 300

 

 

 

Извор на фотографии: Грундфос Србија, Grundfos, pixabay.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »