Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

РАИС ќе ги демонстрира своите најнови и современи машини за обработка на метали на Metal Show & TIB 2024 во Букурешт

02 april 2024

In Albanian  In Bulgarian  In Romanian  In Serbian

 

Етаблираниот европски производител на CNC машини за сечење и обработка на метали РАИС ќе учествува на овогодинешното издание на Metal Show & TIB - еден од најголемите саеми за технологии за обработка на метали и индустриска техника во Романија. Настанот ќе се одржи во периодот од 14 до 17 мај 2024 година, а фирмата РАИС ќе ги очекува своите гости на штанд 111 во Сала Б2 на саемскиот центар Romexpo во Букурешт.

 

 

Секоја година, четиридневниот форум собира на едно место професионалци од целиот свет, кои презентираат индустриска опрема од најнова генерација, иновативни разработки, паметни технологии и најсовремени ефикасни решенија за машинска обработка. За прв пат оваа година, во фокусот на настанот е ставен нов концепт поврзан со охрабрување на иновативните технологии и решенијата кои придонесуваат за намалување на јаглеродниот отпечаток во индустријата за металопреработување. И во 2024 година, Metal Show & TIB ќе продолжи да биде воспоставена бизнис платформа на локално ниво, која го поддржува развојот на:

- Енергетски ефикасна опрема;

- Автоматизацијата и дигитализацијата на производствените процеси во контекстот на енергетската транзиција;

- Модерните помалку инвазивни технологии за обработка (ласерска, водена или микро);

- Обновливите енергетски технологии и системите за складирање на енергија;

- Одржливите материјали со мало влијание врз животната средина и други.

 

„Главните акценти на учеството на РАИС ќе бидат најновите разработувања на глодалки и дребонзи со CNC, како и дребонзите со две вретена и центрите за обработка со пет оски на компанијата. Со нашето 30-годишно искуство и успешни практики во производството на индустриската опрема, ќе се обидеме да го демонстрираме високиот квалитет, сигурноста и ефикасноста што се видливи под нашите разработувања“, соопштија за BalkanEngineer.com специјалистите од фирма РАИС.

 

 

Учеството на големиот индустриски саем Metal Show & TIB 2024 во мај во Романија ќе му даде можност на РАИС да ги запознае посетителите и гостите на форумот со своите високо продуктивни, квалитетни и прецизни машини за сечење метал со CNC.

 

„Како излагач на ваков значаен настан дополнително ќе го зајакнеме имиџот на нашата компанија во професионална бизнис средина и ќе ја покажеме стабилноста на нашата компанија. Ќе имаме можност да се сретнеме со производители и испорачувачи на машини, алати и материјали и да размениме драгоцено искуство и идеи со нив“, додадоа уште од РАИС.

 

Настанот отвора јасни хоризонти за претставниците на бизнисот да ги допрат најновите трендови во светот на обработката на метали и се претвора во арена за размена на корисни практики и плодни партнерства како на локално, така и на меѓународно ниво.

 

Адреса: Бугаријау, Пазарџик ул.Димчо Дебељанов 58, 

Телефон: +34 444 255

E-mail: info@raisbg.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: РАИС, Metal Show & TIB

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »