In Bulgarian In Serbian In Romanian
Глобално етаблираниот лидер во секторот за информатичките и комуникациските технологии, Reichle & De-Massari AG (R&M) обезбедува широки можности за интеграција во сите аспекти на поврзувањето во областа на кабелските системи. Започнувајќи како независен семеен бизнис во Швајцарија уште во 1964 година, денес компанијата се претворила во еден од глобалните модели во телекомуникациската индустрија со меѓународно развиена производствена и трговска мрежа. Со 14 фабрики, повеќе од 20 магацински бази и канцеларии во повеќе од 40 земји на сите континенти, за компанијата работат речиси 1.600 вработени ширум целиот свет.
R&M е водечки производител и снабдувач на авангардни, високоефикасни и сигурни производи наменети за изградба на мрежни системи за комуникациско поврзување во паметни згради, канцеларии, FTTx проекти, паметни градови и центри за податоци. Главна движечка сила во дејноста на компанијата се иновациите.
„Располагаме со центри за истражување и развој на 8 локации: Швајцарија, Бугарија, Индија, Бразил, САД, Чешка, Италија и Германија. Фокусот е насочен кон разработката на современи, продуктивни и лесни за употреба решенија. Компанијата поседува 25 активни групи на патенти, при што секоја година во просек се регистрираат по 7 нови патенти“, соопштија од R&M Бугарија, регионална канцеларија на R&M за Југоисточна Европа.
Структурните кабелски системи кои гарантираат пренос на податоци со брзина од 10 Gbit/s се стандард за денешното окабелување за канцеларии. Наскоро, сите уреди кои учествуваат во автоматизацијата и управувањето со зградата ќе комуницираат на ист начин преку Ethernet/IP протокол. Спојувањето на различни мрежни системи во однос на нивната топологија и карактеристики во една заедничка средина, која ја гарантира работата на новите високобрзински технологии, претставува клучна предност за бизнисот во современиот дигитален свет. Локалната податочна мрежа (LAN) ја формира физичката комуникациска средина, обединувајќи различни кабелски инсталации во една заедничка мрежа која овозможува користењето на Ethernet/IP протокол. Ова води до оптимизација на инвестицијата преку намалување на трошоците за одржување и обезбедување на потребната флексибилност и ефикасност во комуникациските канали.
Со својата разработка, R&M придонесува за изградба на унифицирана мрежна средина која поддржува Ethernet/IP протокол, а со тоа се постигнува полесно управување, ефикасно користење на ресурсите и можност за комбинирање на различни услуги врз една заедничка инфраструктура. Комплексните мрежни кабелски структури гарантираат сигурност при работа во интернет средина со решенија базирани на Wi-Fi, на IoT поврзани уреди и на мобилни апликации.
РиМ Бугарија ДООЕЛ
Адреса: Бугарија, Софија 1784, бул. „Цариградско Шосе“ 90, Capital Fort Business Center, 19 кат
Телефон: +359 2 902 16 00
Е-пошта: bgr@rdm.com
Повеќе информации за РиМ Бугарија ДООЕЛ и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Извор на фотографии: РиМ Бугарија, R&M (Reichle&De-Massari AG)