Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Циркулационите пумпи s Magna3 на Grundfoѕ и помагаат на една голема данска банка да заштеди 60% од енергијата потребна за греење

21 august 2024

In Romanian In Serbian In Bulgarian

 

Jyske Bank е трета најголема финансиска институција на данскиот пазар, која покрај деловни успеси, го насочува своето внимание и кон енергетска ефикасност на зградите. Во 2015 година банката реновира дел од своето седиште во Силкеборг, Данска, а проектот вклучуваше и поставување на нови цевки за системот за греење, но не само. Беа испорачани и циркулациони пумпи од серијата Magna 3 на Grundfos, благодарение на што банката успеа да заштеди 60% од трошоците за енергија за греење.

 

 

„Преку проектот за реновирање на системот за греење во своето седиште, Jyske Bank ја намали годишната потрошувачка на енергија и емисиите на јаглерод диоксид, при што истовремено успеа да го „удвои“ повратот на својата инвестиција“, објаснуваат од Grundfos. „За време на изведувањето на проектот беше донесена одлука за замена на три од постојните пумпи со циркулациони пумпи Magna3 на Grundfos, кои се карактеризираат со исклучително висока енергетска ефикасност, сигурност и лесна инсталација. Со право можеме да кажеме дека Magna3 се пумпи создадени за одржлива иднина“, коментираа уште од компанијата.

 

Циркулационата пумпа Magna3 е мошне усовршена пумпа со влажен ротор наменета за големи трговски и јавни згради како што се болници, училишта итн. Нејзините интелигентни функции AUTOADAPT и FLOWADAPT „избираат“ оптимално штелување на пумпата, гарантирајќи дека системот обезбедува најдобра можна удобност и најефикасна работа. „Моторот со постојан магнет, функцијата AUTOADAPT и интегрираниот конвертор на фреквенција се некои од карактеристичните одлики на Magna, но од Grundfos исто така додаваат дополнителни, иновативни технологии за да донесат на пазарот авангардно и интелигентно решение за циркулациони кола со ненадмината сигурност“, категорично изјавуваат од Grundfos.

 

 

Пумпите Magna3 можат да се поврзат паралелно, што овозможува проектирање и изградба на пумпни системи кои работат во променлив, резервен или каскаден режим.

 

Грундфос Србија - Продаја

Адреса: Омладинских бригада 90 в 11070 Нови Београд, Србија
Телефон: +381 11 225 8740,
E-mail: zahtevi@sales.grundfos.com

Грундфос Србија - Производња

Адреса: Обилазни пут Север 21 22320 Инђија, Србија
Телефон: +381 22 367 300

 

 

 

Извор на фотографии: Grundfos, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »