Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Фина и мазна глазура за вашето производство? Мултиинженеринг може да ја изработи соодветната опрема

03 september 2019

In Bulgarian   In Romanian

 

Повторно сме на вкусна тема, повторно ќе разговараме за колачиња, глазури, кикиритки, итн. Сакаме да споделиме со вас некој мошне вкусен и летен рецепт за мајсторски десерт, но вистината е дека за да можеме да уживаме во сите слатки работи, има луѓе – инженери кои ја измислија технологијата, алатките и машините со кои тие ќе бидат подготвени. Затоа повторно свртуваме поглед кон бугарската компанија ЕТ Мултиинженеринг, која се етаблира со своите уникатни решенија во прехранбената индустрија. Еве каква е една од нејзините разработки...

 

„На еден наш клиент му беше потребен систем кој да ја филтрира глазурата од кикириките што паднале во неа. Друг услов беше системот да се интегрира со машината за нанесување на глазура. Нашиот тим се справи со проектирањето и изработката на опремата“, коментираа за BalkanEngineer.com од Мултиинженеринг.

 

Системот е составен од буфер сад и две пумпи со загревање на вода за да се испорача филтрирана глазура до машината за нанесување на глазура и да се врати искористената глазура за филтрирање. „Максималниот проток на пумпите е 4000 кг на час глазура. Буфер садот е со водена обвивка со сопствено загревање, а неговиот капацитет од околу 400 киограми глазура или околу 300 литри“, објаснија од компанијата за машиноградба.

 

 

Инсталацијата се вклопува совршено во производната линија, благодарение на прецизните детали за кои се погрижија инженерите од тимот на бугарската компанија. Еве дел од тајната за совршено мазната глазура:

 

 - Протокот на пумпите, како и температурата во водената обвивка се прилагодливи;

 - Глазурата се влева во буфер садот преку сито од нерѓосувачки челик со отвори 4 x 4 милиметри;

 - Системот е опремен со вибратор;

 - Кикириките се одвојуваат автоматски.

 

Централна канцеларија

Адреса: Бугарија, Софија 1784, бул. „Цариградско шосе“ 72 (БАН-ЦПР, НПО)

Телефон: +359898 523 739, +359 884 924 272, +359 2/875 21 09

Е-пошта: multiengineering@gmail.com;  office@multiengineering-bg.com

 

Филијала Велико Трново:

Телефон: +359 888 372 116

Е-пошта: multiengineering@gmail.comoffice@multiengineering-bg.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјал: ЕТ Мултиинженеринг, pixabay.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 31 october 2019Сенка Рајковиќ од Стам Лтд: Се населив во Бугарија заради љубовта кон креативноста во инженерската работа

    Да се судриш со нов јазик и нови правила, да го изодиш патот на „странец“, да останеш заради стремежот кон креативност во инженерската работа, да го бркаш извршувањето на амбициозните планови и да се усовршуваш секој ден. Ова е авантурата на Сенка Рајковиќ од Ниш, Србија. Во рубриката „Еден работен ден на ...“ денес ќе ви раскажеме кои се предизвиците во секојдневниот живот на архитект по образование и инженер по вокација и како и поминува нејзиниот работен ден во Стам Лтд.

  • 30 october 2019B2N: Да го пречекаме S5 Pro Bundle – најновиот член во семејството на Ultimaker

    Како би можеле видливо да ја зголемите продуктивноста и безбедноста при 3D печатењето? Со Ultimaker S5 Pro Bundle – коментираат од фирма B2N. „3D печатачот на производителот Ultimaker е уникатно производствено решение кое наоѓа одговор на предизвиците на 3D печатењето со користење на проширен спектар на материјали. На овој начин на инженерите и дизајнерите им се дава поголема слобода да се фокусираат на својата работа“, појаснија за BalkanEngineer.com од бугарската компанија.

  • 29 october 2019Индустриски Роботи: Робот или Кобот? Откријте ги разликите!

    Концептот на колоборативните роботи, или накратко наречени „коботи“, се појави во 1995 година како дел од истражувачки проект предводен од фонд на General Motors. Називот доаѓа од можноста на овој вид роботи да работат заедно со луѓе во иста производствена зона. Дотогаш, традиционалниот робот во автомобилската индустрија е задолжително сместуван во изолирана и обезбедена ќелија и работи самостојно. Главната идеја на проектот е да се создадат роботи кои можат да работат безбедно заедно со луѓето. Денес коботите го најдоа своето место не само во разни индустрии, туку и во свеста на луѓето.

  • 28 october 2019Инж. Јорданов од Melexis Бугарија: „Да си Lean инженер, значи постојано да учиш и да се развиваш“

    Што е Lean инженер? Која е мисијата на ова работно место и зошто наоѓањето на најдобрите професионалци за него е приоритет за компаниите ширум светот? BalkanEngineer.com доби одговор на овие прашања од инж. Јордан Јорданов од Melexis Бугарија. „Професијата CI инженер, или Lean инженер, потекнува од луѓе како Хенри Форд, Тајчи Оно и Еиџи Тојода. Тоа се поединци кои констатираат дека има многу загуби во една структура и тие можат да бидат елиминирани за поголема ефикасност на деловните резултати“, наведе тој.

  • 25 october 2019Инж. В. Палазов, управител на ИНХОМ-98: ФАНУК Бугарија е наш долгогодишен доверлив партнер

    За нас, во BalkanEngineer.com, секогаш е чест кога ќе добиеме можност да го допреме вистинскиот процес на производство, особено ако успешно се реализира во претпријатие кое ги издржа економските и технолошките перипетии на времето. Благодарение на ФАНУК Бугарија, нашиот тим го имаше задоволството да помине цел работен ден во бугарската компанија ИНХОМ-98. Од нејзиниот сопственик и управител, инженер Вањо Палазов, дознавме како се постигнува конкурентно производство.

  • 24 october 2019MTG: Имаме за цел врвни позиции во металургијата! Се потпираме на висок квалитет и вреден тим

    На крајот на летото, комерцијалниот тим на Метал Технолоџи Груп (MTG) помина низ целодневна обука посветена на валидацијата на високиот квалитет во компанијата. „Обуката имаше за цел да создаде во тимот заедничко разбирање за високите стандарди поставени од клиентите на MTG. Високиот квалитет е ставен како врвен приоритет во нашата бизнис филозофија. Веруваме дека патот до постигнување на истиот е преку поттикнување на развојот на нашиот персонал“, соопштија од MTG.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 12 november 2019Швајцарски производител отвора фабрика за 9 милиони евра во Скопје

    Инвеститорот на сензорски решенија Baumer отвори нова фабрика во Технолошката индустриска развојна зона Скопје 1, дозна BalkanEngineer.com од CIJEurope.com. Швајцарската компанија планира да инвестира 9 милиони евра во својот проект, кој ќе биде остварен во три фази. Досега компанијата има инвестирано 4,7 милиони евра во првата фаза, што вклучува изградба на објект од 4.000 метри квадратни, лоциран на парцела од 19.000 метри квадратни со производствена зона од 2500 метри квадратни и канцеларии од 600 метри квадратни.

  • 06 november 2019Виа Експо е организатор на бизнис форум „БЕЗ хаварии“ на 14 и 15 ноември во Бугарија

    „БЕЗ хаварии“ е единствениот од ваков вид бизнис форум во Бугарија, посветен на темата за сигурно функционирање на згради и објекти. Форумот ќе собере на едно место експерти и претставници од различни индустрии кои ќе споделат корисни искуства и ќе се запознаат со иновативни решенија. „БЕЗ хаварии“ ќе вклучува дискусии за непобитните придобивки и потреба од преземање на проактивно дејствување наместо задоцнети и лошо ефикасни реакции во случаи на настанати инциденти.

  • 04 november 2019Производител на градежни материјали отвора две фабрики во Романија

    На 31 октомври 2019 година, официјално почнаа со работа двете нови фабрики на романскиот производител на лакови, бои и градежни материјали Daw Benţa, дозна BalkanEngineer.com од Романија-Insider.com. Претпријатијата произведуваат полистирен и разни лепила. Двете фабрики се наоѓаат во романскиот округ Мурес, Трансилванија. Градежните работи на објектите започнаа во август минатата година. Со својата нова инвестиција од 6,5 милиони евра, Daw Benţa го удвои производствениот капацитет на своите производи со марката Caparol.

  • 30 october 2019Во Србија е отворена нова фабрика за опрема за ладење и вентилација

    Италијанската компанија Refrion отвори врати на новата фабрика за производство на опрема за ладење и вентилација во град Шабац, Западна Србија. Компанијата планира да ангажира околу 45 вработени до крајот на годината, дозна BalkanEngineer.com од CIJEurope.com. Италијанскиот производител веќе има долгогодишно искуство во Шабац, реализирајќи го својот прв проект во 2007 година. Благодарение на добрата локација на српскиот град, опремата што ќе се произведува во новиот објект ќе биде намената за извоз во земјите на Европската унија.

  • 28 october 2019ЕБОР дава 1 милион евра за инвестиции во зелена енергија во Македонија

    Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе финансира проекти во вредност од 1 милион евра за зелена енергија во Северна Македонија, дозна BalkanEngineer.com од Denar.mk. Средствата ќе бидат насочени кон подобрување на енергетската ефикасност на станбените згради, намалување на емисиите на стакленички гасови и подобрување на квалитетот на животот на домаќинствата. Финансирањето ќе се обезбеди преку ProCredit Bank Македонија. Корисници можат да бидат домаќинства, здруженија за домување и услужни компании кои планираат да инвестираат во проекти за енергетска ефикасност и извори на обновлива енергија.

  • 23 october 2019Започна со работа првата Logiscool школа за програмирање во Бугарија

    Првата Logiscool школа што нуди курсеви и кампови за програмирање, логично и алгоритмичко размислување започна работа во Бугарија. Едукативниот центар е погоден за деца од 6 до 18 години. Школата има своја образовна платформа и наставна програма, кои се целосно прилагодени на возраста на учениците. Врз основа на повратни информации од учениците кои веќе ја завршиле обуката, модерната платформа постојано се ажурира од ИТ специјалисти и педагози. Logiscool е унгарска верига на образовни школи, која во период од 5 години успеа да најде место во 13 земји на три континенти.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 13 november 2019Бугарски сервис за опрема за рударство стана партнер на Rolls-Royce

    Геотрејдинг стана единствениот партнер во Бугарија на Rolls-Royce Power Systems за производите и решенијата за рударската индустрија со марката MTU, дозна BalkanEngineer.com од соопштението на компанијата. Веќе неколку години компанијата е системски интегратор на моторите MTU, произведувани од британската компанија. По потпишувањето на договорот, Геотрејдинг ќе може да обезбедува гаранциско и постгаранциско сервисирање, како и одржување на моторите MTU, произведени од филијалата Power Systems на технолошката компанија Rolls-Royce.

  • 07 november 2019Македонија е најдобрата земја за развој на бизнисот во ЈИЕ

    Во најновиот извештај „Doing Business“ на Светска банка, Северна Македонија има највисока позиција од сите држави во Југоисточна Европа (ЈИЕ), дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Земјата е рангирана на 17-то место од 190 светски економии. Северна Македонија се здоби со високата позиција во рангирањето благодарение на олеснетиот процес за издавање на одобренија за градба, како и за извршувањето на договори. Земјата, исто така, може да се пофали со поедноставена пресметка на такси, кои се исто така намалени.

  • 05 november 2019Српска компанија за поправка и одржување на авиони на аукција

    Српското Министерство за економија повторно ја објави на аукција компанијата за поправка и одржување на авиони JAT Tehnika. Почетната цена за купување на компанијата е 10,2 милиони евра. Министерството нуди на продажба 95,4% од JAT Tehnika, која во моментов е во сопственост на државата. На аукцијата можат да учествуваат компании кои работат во областа на поправка и одржување на авиони, со вкупен приход од најмалку 40 милиони евра во 2018 година. Заинтересираните компании треба да поседуваат сертификати за одржување на авиони од типот Bombardier и Embraer.

  • 31 october 2019Романска компанија инвестира 12 милиони евра во производство на акумулатори

    Романскиот производител на акумулатори за автомобили Rombat Bistrita инвестира 12 милиони евра во производствена линија на литиумски батерии, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Објектот ќе има капацитет од 1 милион единици годишно. Производното претпријатие, кое зафаќа површина од 5000 метри кубни на две нивоа, се наоѓа во Букурешт. Компанијата ќе продолжи со производството на оловно- киселински акумулатори, но исто така ќе воведе и литиум-јонски батерии.

  • 29 october 2019Првата делница од „Балкански тек“ официјално беше отворена во Бугарија

    Официјално беше отворено проширувањето на мрежата за пренос на гас по трасата на „Балкански тек“ до компресорска станица „Странџа“ во Бугарија, дозна BalkanEngineer.com. За период од шест месеци во проектот се инвестирани 75 милиони лева. Инвестицијата е целосно остварена од компанијата Булгартрансгаз, а изведувач е Главболгарстрој. Изградената траса од бугарско-турската граница до компресорската станица „Странџа“ е долга 11 километри. Компресорската станица е првата станица за мерење на гас на територијата на Бугарија.

  • 24 october 2019А1 Македонија беше домаќин на „A1 Digital Conference 2019“

    На 15 октомври 2019 година А1 Македонија беше домаќин на „A1 Digital Conference 2019“, дозна BalkanEngineer.com од Denar.mk. Со повик „Дигитализирај го твојот бизнис“, компанијата раскажа за најновите трендови во дигиталната индустрија, како и за своите ИКТ и дигитални решенија. За време на конференцијата А1 Македонија им го презентира на своите деловни клиенти успешното европско искуство во дигитализација на бизнисот, давајќи примери во сферата на Интернет на нештата (IoT) и клауд решенија, како дел од своето портфолио на услуги.

Види ги сите »