In Albanian In Bulgarian
Што е ROBODRILL? Компаниите за обработка на метали кои користат CNC центри за обработка во нивното производство се добро запознаени со овие универзални машини FANUC. А сега јапонската компанија создаде нова генерација центри ROBODRILL кои гарантираат постојано висок квалитет и прецизност со ниски трошоци за работа. Со минималното време на промена на алатот од 0,7 секунди и револвер главата што може да работи со алати до 4 килограми, новите усовршени верзии се меѓу најбрзите и најсилните CNC машини со 5 оски на пазарот. „Фабричката автоматизација е дел од ДНК на FANUC. Нашата компанија има инсталирано над 290.000 центри за обработка ROBODRILL ширум светот во производства од сите големини. Без разлика дали се работи за усовршена или стандардна изведба, секој ROBODRILL е вистински брз универзален центар од највисоката класа, кој нуди висока продуктивност и ненадмината ефикасност“, коментираа од ФАНУК Бугарија, дел од големото семејство на светскиот лидер во автоматизацијата FANUC.
Зошто да изберете ROBORILL?
Легендарната сигурност на FANUC комбинирана со лесни процедури на сервисирање за превентивно одржување го намалува времето на застој на центрите до апсолутен минимум. И благодарение на нивниот екстремно долг работен век, машините ROBODRILL обезбедуваат и ненадминат поврат на инвестицијата.
Центрите се карактеризираат со значително пократко време на циклусот за повеќето машински операции, а имплементираните иновации, како на пример модифицираните варијанти на вретеното, новите опции на управување, серво-погоните и усовршената механика, ги претворија најновите изведби на ROBODRILL уште поефикасни, сигурни, брзи и лесни за употреба.
Кои се моделите ROBODRILL?
Без разлика дали се работи за инсталирање на нов центар за обработка или за промена модулите на веќе инсталираната опрема, карактерната флексибилност на ROBODRILL ќе ви заштеди средства за широк спектар од примена и индустриски гранки.
„Опремен со 3, 4 и 5 оски, секој модел на ROBODRILL е проектиран да биде надградуван истовремено со зголемување на вашите потреби. Доколку барате флексибилно решение за вашето производство, не пропуштајте да се запознаете со новата генерација на вертикални центри за обработка ROBODRILL на страницата на FANUC ТУКА“, ја испратија својата покана од ФАНУК Бугарија.
|
МашинаROBODRILL α-D21SiB5 Plus:
- Од по x/y/z оски: 300 x 300 (+100) x 330;
- Големина на масата (мм): 630 x 330;
- Максимална носивост врз масата (кг): 200.
Машина ROBODRILL α-D21SiB5 ADV Plus:
- Од по x/y/z оски: 300 x 300 (+100) x 400;
- Големина на масата (мм): 630x330;
- Максимална носивост на масата (кг): 200.
Машина ROBODRILL α-D21LiB5 Plus:
- Од по x/y/z оски: 700 x 400 x 330;
- Големина на масата (мм): 850 x 410;
- Максимална носивост на масата (кг): 300.
Машина ROBODRILL α-D21LiB5 ADV Plus:
- Од по x/y/z оски: 700 x 400 x 400;
- Големина на масата (мм): 850 x 410;
- Максимална носивост на масата (кг): 400.
Максимален ROBODRILL α-D21MiB5 Plus:
- Од во оски x/y/z: 500 x 400 x 330.
- Големина на мастаа (мм): 650 x 400.
- Максимална носивост на масата (кг): 300.
Максимален ROBODRILL α-D21MiB5 ADV Plus:
- Од по x/y/z оски: 500 x 400 x 400;
- Големина на масата (мм): 650 x 400;
- Максимална носивост на масата (кг): 400.
Централна канцеларија
Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД
Телефон: +359 2 492 9369
E-mail: service.bg@fanuc.eu
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: ФАНУК Бугарија, FANUC