Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Телетек Електроникс создаде нов дигитален портал со сопствени разработки на производи, технички ресурси и обуки

26 november 2024

In Bulgarian  In Albanian  In Serbian

 

Нов дигитален портал на Телетек Електроникс веќе слободно ќе ги информира корисниците, клиентите и партнерите на компанијата за нејзините иновации и производствени  решенија. Идејата на водечкиот производител е да обезбеди одржлива платформа која да помогне за брзо и лесно откривање на секаков вид документација поврзана со опрема за известување за пожари, техника за сигнализација и безбедност што ја разработува Телетек Електроникс.

„Teletek се грижи и за животната средина! Порталот има за цел да ја минимизира употребата на хартија, при тоа да го ограничи отпадот на материјали и нивното негативно влијание врз природата“, соопштија за BalkanEngineer.com специјалистите од производствената фирма. „За најавување во системот можете да ги користите истите влезни податоци за идентификација што ги користевте за нашата официјална корпоративна веб-страница. На овој начин, со само неколку кликања за неколку секунди, ќе добиете пристап до ресурсите на новиот портал“, прецизираа уште тие.

 

Повеќе од 30 години, Телетек Електроникс проектира, создава, имплементира, оптимизира и поддржува технологии кои ги штитат животите и безбедноста на луѓето. „Свесни сме за основните светски трендови и предизвици и се стремиме постојано да се развиваме преку сè поиновативни, високотехнолошки и квалитетни производи, кои ја гарантираат безбедноста како на луѓето, така и на имотот и на објектот“, изјавија од компанијата.

 

Основен стремеж за Телетек Електроникс е да заземе место меѓу челните позиции на пазарот за решенија за безбедност и противпожарен аларм во секоја земја во која работи. Мисијата на компанијата е да ги заштити и зачува луѓето преку безбедни, високотехнолошки, иновативни производи кои спасуваат животи и безбедносни алармни системи. Меѓу нејзините главни цели е да постигне одржлив и стабилен раст со јасна свест за одговорностите што ги носи кон своите вработени, клиенти, партнери и околната заедница.

Телетек Електроникс

Адреса: Софија 1407, ул.Сребарна 14А

Телефон: +359 2 969 48 00

E-mail: info@teletek-electronics.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

Извор на фотографии: Телетек Електроникс, ©Engineer BG via Canva.com 

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 12 december 2024FANUC и голем производител на синџири ги обединуваат своите сили за постигнување на целосна контрола на квалитетот на производит

    Пред имплементацијата на систем кој ја автоматизира инспекцијата на квалитетот, контролата и ракувањето со кованиците во производството на компанијата за синџири Pewag се извршуваше од луѓе. Ова често доведуваше до несакани отстапувања во квалитетот. Во својот стремеж да остане конкурентна на пазарот, компанијата се сврти кон Pewag Engineering, која е дел од бизнис групацијата и е специјализирана за проектирање на решенија за автоматизација, за да најде решение за овој проблем.

  • 11 december 2024Лазатек: Испорачувач за автомобилската индустрија ја зголемува својата продуктивност со филтерски модули Filtermist

    Еден од најголемите предизвици со кои се соочува секое металопреработувачко производство е квалитетот на воздухот во просториите и влијанието на маглата од течноста за ладење врз здравјето на персоналот. „За да се спречи маслената магла да влијае на квалитетот на воздухот на работното место, Tooling 2000 Limited инсталираше во нивните машински центри системи на Filtermist за отстранување на маглата. Покрај тоа што чистотата на воздухот ги исполнува барањата на Регулативите за контрола на супстанции опасни за здравјето (COSHH), производствената компанија од Бирмингем користела и други важни предности“, раскажаа за овој случај од праксата специјалистите од добро етаблираната компанија Лазатек која ги нуди производите на Filtermist.

  • 11 december 2024Оптимизирајте го наоѓањето на електрични дефекти и тестирањето на кола со мултиметарот AVO®215 на Megger

    Сигурното и прецизно тестирање на електрични кола е основна активност во забрзаниот секојдневен живот на електричарите. Инструментите за тестирање, како што се мултиметри и амперметри, се неопходни за прецизно мерење на напонот, струјата и отпорот, гарантирајќи ја безбедноста и функционалноста на електричните системи. Megger постојано ја проширува својата палета на повеќефункционални тестери како за професионални, така и за индустриски примени за да го понуди вистинскиот инструмент за секоја применета задача.

  • 10 december 2024SpaceCAD: Shining 3D го пушти на пазарот безжичниот скенер EinScan Libre кој го револуционизира 3D скенирањето

    „На почетокот на ноември оваа година компанијата Shining 3D го објави пазарното деби на својот револуционерен 3D скенер EinScan Libre. Тој припаѓа на 4-та генерација на технологија за 3D скенирање во професионалната линија на производи EinScan. Скенерот е целосно безжичен, што значи дека може да се користи без физички врски – кабли и лаптоп/компјутер. EinScan Libre располага со акумулаторска батерија која обезбедува континуирана моќност. Скенерот може да се напојува и од надворешна батерија кога неговата ќе биде извадена, на пример додека се полни“, соопштија за BalkanEngineer.com од SpaceCAD, водечка трговска компанија во сферата на специјализираните софтверски производи и 3D технологиите.

  • 09 december 2024ЛогиСофт: Со усовршена варијанта на технологијата ZPA, ја зголемуваме ефикасноста во нашите проекти

    Во областа на интралогистиката, од суштинско значење е ефикасноста и безбедноста при движењето на производи и стоки. Една од клучните технологии кои придонесуваат за оптимизацијата на внатрешни логистички процеси е т.н натрупување при нулти притисок (Zero Pressure Accumulation, ZPA). Овој систем овозможува привремено складирање на стока на транспортни линии без примена на дополнителен притисок или сила за движење, со што се спречуваат судири, а со тоа и оштетување на производите што учествуваат во процесот. „ ZPA не е нов концепт.

  • 09 december 2024Нашиот WMS магацински софтвер е најпосакуваното решение за трансформација на логистички центри

    Освен правилното димензионирање на расположливиот магацински простор и обезбедување на компактност и флексибилност на складирање на магацинските единици, во дистрибутивниот центар од суштинско значење е и управувањето со оперативните процеси. Затоа, во следните редови, вашето внимание ќе го насочиме кон магацинскиот софтвер WMS имплементиран од специјалистите на STAMH Solutions. „Побарувачката за WMS магацински софтвер е се позголемено поради неговите неоспорни предности и можноста за флексибилно управување со палетизирана стока“, коментираа за BalkanEngineer.com од STAMH Group – меѓународна компанија специјализирана за високотехнолошки решенија, магацинска опрема и софтверско обезбедување.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »