Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Телетек Електроникс: „Планираме да ја отвориме нашата нова административна и производствена зграда"

18 october 2022

In Bulgarian  In Serbian

 

За компанијата и за проширувањето на производството зборува г-ѓа Мариела Маџарова, извршен директор на Телетек Електроникс

 

Еден од најголемите производители на опрема за сигнално-безбедносна и противпожарна техника, познат на пазарите ширум светот, е домашната компанија Телетек Електроникс, основана во 1991 година. Следејќи го нејзиниот досегашен развој, компанијата стана докажан лидер во областа, при што континуирано ги проширува своите пазари како дома, така и на меѓународно ниво. Успехот и растот доведуваат до потреба од зголемување на производствените капацитети. Затоа, компанијата гради нова база во Софија. Денеска ќе ви раскажеме што споделува за неа г-ѓа Мариела Маџарова, извршен директор на Телетек Електроникс.

 

 

Мариела Маџарова дипломирала инженерска хемија на Универзитетот за хемиска технологија и металургија во Софија. Таа започнува работа во Телетек во 1992 година, имајќи низа позиции пред да биде промовирана на позицијата извршен директор на Телетек Електроникс во 2010 година. Специјализирала „Маркетинг“ на универзитетот во Лутон, Велика Британија, како и „Маркетинг, продажба и сметководство“  на Нов бугарски универзитет. Под водство на г-ѓа Маџарова, компанијата разработува многу нови производи, навлегува на повеќе од 75 нови пазари и бележи сериозен раст.

 

Во тековната 2022 година компанијата ја проширува својата база, бидејќи без оглед на кризата на пазарот, нејзината продажба расте, а капацитетот во населбата „Хладилника“ во  главниот град не е доволен. Новата административна и производствена зграда се очекува да биде пуштена во употреба на крајот на годинава.

 

Техничките решенија на Teletek работат во повеќе од 80 земји

Над 95% од производството на Телетек е наменето за извоз. Компанијата има присуство во повеќе од 80 земји, а нејзините клиенти се едни од најголемите дистрибутери и продавачи на големо на сигнално-безбедносни и противпожарни производи,. Компанијата работи со голем дел од своите клиенти повеќе од 20 години, а благодарение на одличното партнерство, квалитетните производи, техничката поддршка и меѓусебната поддршка, повеќе од еден милион згради во светот се опремени со нејзината техника.

 

 

Технологијата на Телетек е имплементирана во бројни објекти и во Бугарија - како големи деловни згради, така и станбени комплекси, владини згради, индустриски проекти, хотели и болници. „Наши системи се инсталирани во Sofia Tech Park, базата на Lufthansa Technic– Софија, Министерство за одбрана, НАТО база – Софија; Музеј на Софија; Градскиот суд во Софија; новата база на Бугарскиот фудбалски сојуз во Бојана; Галерија „Квадрат 500“ - Софија, зграда Walltopia - Лозен, деловна зграда „Адванс“ - Софија; Министерство за финансии - Софија; Логистички центар Office 1 Superstore –Равно поле; болница „СофијаМед“ - Софија; фабрика„Јазаки“ - Димитровград; Болница Vita - Софија и многу други“, посочи г-ѓа Маџарова.

 

Инвестиција од над 25 милиони лева во новата база

Телетек во последните години постигна значителен раст на реализираната продажба, благодарение како на развојот на постојни пазари, така и на навлегувањето во нови. Ова ја наложува потребата компанијата да обезбеди производствен капацитет за исполнување на нарачките на своите клиенти. Во тек е проект за проширување на производствената база. „Инвестицијата е за 25 милиони лева, од кои главниот дел е заем и европско финансирање“, објасни г-ѓа Маџарова и додаде: „Новата производствена база ќе го зголеми обемот на нашето производство за над 20% веќе во првата година.“

 

Привлекување на нови специјалисти во проширеното производство

„Новата производствена база ќе отвори 17 нови работни места веднаш штом ќе биде стартувана, но нашите развојни планови вклучуваат и проширување на нашата палета на производи како и навлегување на нови пазари, што исто така ќе доведе до проширување на тимот и потреба од нови кадри со техничко образование како во развојната активност, така и во производството“, соопшти г-ѓа Маџарова.

 

Телетек Електроникс

Адреса: Софија 1407, ул.Сребарна 14А

Телефон: 00359 2 969 48 00

E-mail: info@teletek-electronics.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: freepik.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »