Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Телетек Електроникс ќе демонстрира авангардна технологија за противпожарно известување на FSE 2024

14 january 2024

In Bulgarian  In Albanian In Serbian

 

Телетек Електроникс ќе биде главен партнер на настанот за противпожарна безбедност Fire Safety Event (FSE) 2024. Меѓународниот саем е најголемиот и најбрзо растечки настан за противпожарна безбедност во Обединетото кралство, кој ги покрива највисоките стандарди за управување со противпожарната и итна  безбедност. FSE 2024 ќе се одржи во периодот од 30 април до 2 мај 2024 година во Националниот изложбен центар (NEC) во Бирмингем, Велика Британија, а Телетек Електроникс ќе ги пречекува своите гости на штандот 5/C45.

 

 

„Телетек Електроникс е меѓу најголемите европски производители на широка палета на опрема за противпожарно известување. Компанијата е основана во 1991 година и брзо се етаблира како лидер на домашниот и меѓународните пазари. Компанијата ги постигна своите успеси благодарение на континуираната ангажираност на разработката и производството на високотехнолошки производи и решенија во изминатите 33 години“, коментираа од водечката компанија.

 

Во 2023 година, Телетек Електроникс напиша уште едно успешно поглавје во својата историја, отворајќи ги вратите на својата нова високотехнолошка и модерна производствена фабрика во Софија. Новата производствена база на компанијата има површина од 11.000 квадратни метри и поседува магацини и производствени хали опремени со најсовремени машини, SMD линии за површинска монтажа, роботизирани системи и автоматизирани технологии.

Со цел да ги задоволат постојано растечките потреби на своите клиенти и да бидат во чекор со новите трендови на пазарот, специјалистите на Телетек Електроникс не сопираат да истражуваат, разработуваат и реализираат производи и решенија со висока продуктивност, ефикасност и сигурност. „Ние се стремиме да понудиме не само поединечни производи, туку комплетни серии на безбедност и противпожарно известување и комуникациски решенија погодни за сите типови на згради - од приватни домови и мали канцеларии, преку средни и големи трговски згради, до масивни станбени згради и производствени објекти. “, коментираа од фирмата.

 

 

Сите производи произведени од Телетек Електроникс целосно се усогласени со европските и меѓународните стандарди за квалитет и применливост. Политиката за квалитет што ја следи компанијата е целосно усогласена и се раководи од корпоративната визија и стратешките цели на фирмата. „Тие вклучуваат активни активности за имплементација на нови технологии, насочени кон обезбедување на можност за развој и производство на висококонкурентни производи во областа на алармни и системи за противпожарно известување и производство на електронски компоненти според барањата на клиентот“, објаснија од Телетек Електроникс.

 

Телетек Електроникс

Адреса: Софија 1407, ул.Сребарна 14А

Телефон: +359 2 969 48 00

E-mail: info@teletek-electronics.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Teletek Electronics, canva.com  

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »