Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Телетек Електроникс ги покажа своите најнови производи на меѓународен саем за противпожарна безбедност

26 may 2022

In Bulgarian  In Serbian

 

Долгогодишната производствена компанија Телетек Електроникс, заземајќи водечки позиции на пазарот на сигнална, безбедносна и противпожарна опрема, ги покажа своите најнови производи на еден од најголемите настани за противпожарна безбедност во Европа - FIREX International. Тој се одржа од 16 до 18 мај годинава во саемскиот центар ExCeL во Лондон.

 

 

Претворувањето на безбедноста на животот во право, а не во привилегија е мотото на овогодинешниот FIREX International, форум кој го обединува целиот синџир на снабдување со решенија за противпожарна безбедност и е уникатна можност да се презентираат иновативни производи и комплетни решенија.

 

Телетек Електроникс беше една од водечките компании кои учествуваа на форумот, а детали за нејзиното претставување добивме од тимот на компанијата што учествуваше на саемот. Специјалистите споделија дека ги покажале и демонстрирале способностите на нивните најнови производи, вклучувајќи ги iRIS S8, Wireless Security System, PIRIN System, Hybrid Addressable System, Addressable Fire Alarm и Hybrid Conventional System.

 

 

Каталогот на производи на Телетек Електроникс вклучува комплетна серија на алармни и противпожарни системи, како и комплетни комуникациски решенија погодни за сите видови згради. Категориите на производи вклучуваат алармни системи, решенијаза известување на пожари, комуникациски модули, мониторинг и софтвер. Компанијата има произведено повеќе од 30 милиони производи, кои се инсталирани во речиси 1 милион згради ширум светот.

 

„FIREX International е шанса да се сретнете лице в лице со добавувачи од областа на системи за известување на пожар, осветлување за итни случаи, гаснење на пожари и многу други. Меѓу акцентите на настанот беа средбите на посетителите со водечки добавувачи и клучни асоцијации за противпожарна безбедност, вклучително и FIA, ASFP, FPA, итн., демонстрации во живо, за време на кои посетителите се запознаа со некои од најновите технологии и разгледаа признати производи и услуги за противпожарна безбедност" , споделија уште од Телетек Електроникс.

 

Телетек Електроникс

Адреса: Софија 1407, ул.Сребарна 14А

Телефон: 00359 2 969 48 00

E-mail: info@teletek-electronics.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Телетек Електроникс

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »