Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Стажирање, стипендии и успешен почеток во кариерата им понуди Теси на студентите од ТУ - Варна

02 august 2022

In Bulgarian  In Romanian  In Serbian

 

На крајот на јуни годинава студенти од машиноградбените отсеци на Техничкиот универзитет - Варна (ТУ - Варна) ја посетија производствената база на водечката компанија Теси во Шумен. „За нас беше задоволство да ги пречекаме ваквите амбициозни и жедни за знаење млади таленти кои го избраа техничкиот сектор како свој пат во кариерата. Кај нас, во Теси, не само што го допреа вистинскиот работен процес, туку се запознаа и со исклучителните можности што ги нудиме за нивниот иден развој“, споделија од тимот за Balkanengineer.com.

 

 

Теси одржува долгогодишно партнерство и пријателство со Техничкиот универзитет во Варна, а особено со катедра „Технологија на машиноградбата и машини за сечење метал“ (TMMМ). Токму затоа, по завршувањето на оваа академска година, компанијата ги покани „на гости“ студентите од насоката „Компјутеризирани технологии во машиноградбата“ и „Машиноградбена техники и технологии“ и нивните раководители, доцент д-р инж. Тања Аврамова и главен асистент д-р инж. Димка Василева.

 

За време на посетата идните специјалисти се запознаа со различните можности за развој и почеток на кариера што ги нуди компанијата, вклучувајќи:

 

  • Платено летно стажирање;
  • Програмата за стипендирање;
  • Иницијатива „Почеток на кариера“ за развој на млади специјалисти;
  • Можности за работа во различни сектори на компанијата.

 

 

Младите гости имаа можност да ги посетат производствените простории на Теси, каде што добија вистински впечатоци за производствените можности на компанијата, технологиите и опремата што ги користи бугарската компанија, како и можните работни места.

 

„Беше навистина возбудливо кога сегашните студенти од ТУ - Варна се сретнаа со многу поранешни воспитаници на универзитетот кои избраа да ги надградат своите вештини во својата професија токму во Теси. Ова е доказ дека силно го поддржуваме развојот на таленти, креирајќи ја иднината денес“, коментираа од компанијата.

 

Канцеларија во Софија

Адреса: Бугарија, Софија, стр.к 1766, ж.к. Парк Софија, Блок 16 V, канцеларија 2.1, 2 кат

Телефон: 00 359 2 902 66 66 

Е-mail: office@tesy.com

 

Канцеларија во Шумен

Адреса: Бугарија, Шумен, п.к. 9700, бул.Мадара бр.48.

Телефон: 00 359 54 859 129 

Е-mail: office@tesy.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Теси, ТУ - Варна

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »