Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Со MAGNA3 на Grundfos, постигнувате до 75% заштеда на енергија во споредба со работата на стандардна циркулациона пумпа

02 june 2024

In Bulgarian  In Romanian In Serbian

 

Со фокус на енергетската ефикасност и најсовремените технологии при разработувањето на пумпни решенија, денес данската компанија Grundfos е најголемиот производител на циркулациони пумпи во светски димензии. Користејќи електроника од најновата генерација, компанијата нуди производи за широк спектар на примена, меѓу кои: инсталации за греење, вентилација и климатизација, водоснабдување и дозирање. „MAGNA3 е вашиот оптимален избор кога мониторингот и управувањето со вашиот систем е од клучно значење. Пумпата поддржува Fieldbus протокол преку опционални CIM модули и е опремена со TFT дисплеј за интуитивно конфигурирање на неговите паметни функции“, информираа за BalkanEngineer.com од Grundfos.

 

 

MAGNA3 на Grundfos е усовршена циркулациона пумпа со потопен мотор наменет за големи јавни згради на пример болници и училишта. Решението поддржува паметни функции Autoadapt и Flowadapt за автоматско штелување на оптималните параметри на секој систем, гарантирајќи ја постојано најдобрата можна удобност и најефикасниот режим на работа за примената во секое време. Друга предност на производот е можноста за паралелно поврзување на неколку пумпи, кои можат да работат каскадно.

 

„Пумпата MAGNA3 може лесно да се поврзе со систем за автоматизација на зградата за добивање на целосна контрола и мониторинг, а истовремено со цел подобрување на нејзината сигурност. За уште поголемо олеснување и далечински мониторинг од кое било место, операторите имаат можност да ја користат мобилната апликација Grundfos GO Remote, обезбедувајќи пристап до сите системски податоци“, објаснија од фирмата.

 

Слично како и нејзиниот претходник, MAGNA3 е оптимално решение во примена за греење и ладење, како и за циркулациони системи за топла вода во домаќинствата. Пумпата е проектирана да обработува течности со температура од -10 до 110 °C, што ја прави погодна како за индустриски процеси со специфични барања, така и за геотермални системи (GSHP).

 

Освен заштедата на трошоци за енергија, системските оператори со MAGNA3 добиваат исто така и брз поврат на својата инвестиција. За да ја постигне високата енергетска ефикасност на пумпата, Grundfos ја оптимизираше нејзината хидраулика и го интегрираше сопствениот патентиран сензор за диференцијален притисок. Друго подобрување во серијата е поминувањето кон композитна роторска кутија во комбинација со компактен статор, што дополнително ги минимизира загубите во моторот.

 

 

Со индекс на енергетска ефикасност (EEI) многу под референтното ниво утврдено во Европската директива за еколошки дизајн (EuP), можете да постигнете заштеда на енергија до 75% во споредба со стандардно инсталирана циркулациона пумпа. На овој начин, ќе добиете исклучително брз поврат на инвестицијата.

 

Грундфос Србија - Продаја

Адреса: Омладинских бригада 90 в 11070 Нови Београд, Србија
Телефон: +381 11 225 8740,
E-mail: zahtevi@sales.grundfos.com

Грундфос Србија - Производња

Адреса: Обилазни пут Север 21 22320 Инђија, Србија
Телефон: +381 22 367 300

 

 

Извор на фотографии: Grundfos

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »