Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Со своето докажано искуство, Rochester ја подобрува сигурноста на електронската опрема за дупчење на сондажи

18 may 2024

In Bulgarian  In Albanian

 

Голем број индустриски примени, како што се на пример сондирање за добивање на нафта и гас, претставуваат некои од најнеповолните средини за работа со техничка опрема. Огромен предизвик за компаниите кои вршат ваков тип на активности е потребата да користат сложена електроника на значителни длабочини при високо покачени температури. Сигурноста и издржливоста на овие електронски системи е од исклучителна важност за да се гарантира минимално време за планирани и непланирани прекини.

 

 

Поголемиот дел од електронската опрема што се користи во длабоки сондажи  е опремена со полупроводнички интегрирани кола одобрени за индустриски намени со работна температура од -40 до +85 °C, како и за воени намени со температурен опсег од -55 до +125 °C. Ако компонентите работат надвор од границите на овие спецификации, може да дојде до влошување на функционалноста, па дури и оштетување на опремата. Во намени за длабоко сондирање, бунарите можат да достигнат длабочини од 5 километри, па дури и поголеми. Во комбинација со недостатокот на воздушен проток и други отежнувачки фактори, просечните температури на околината лесно можат да достигнат и надминат 200 °C.

 

Кога еден од најголемите светски испорачувачи на опрема за дупчење на сондажи доживува значителни тешкотии во работата на својата опрема, тој му се обраќа на Rochester за помош, за да ја идентификува основната причина за дефектите и да ја подобри продуктивноста на системот.

 

„Rochester има богато искуство во класификацијата на полупроводнички уреди и тест инженерингот, што ни овозможува да соработуваме тесно со нашите клиенти за да ги идентификуваме нивните клучни проблеми со продуктивноста и да понудиме соодветни решенија. За потребите на овој клиент, се бараше модулот за часовникот во реално време (RTC) обезбеден од Rochester, да функционира на температури до +175°C и сепак да обезбедува прецизни резултати“, информираа за BalkanEngineer.com од Rochester Electronics,  глобално воспоставен, дистрибутер и еден. од најголемите производители на полупроводнички решенија во светот.  

 

 

„Инженерскиот тим на Rochester изврши тестови на голем број електронски компоненти, од кои некои ги поминаа успешно, но други не. За таа цел, беше разработен и конфигуриран специјален тест хардвер за работа при екстремни температури. Дополнително, беа создадени програми за тестирање на автоматизираната опрема за тестирање (ATE) на Rochester, кои ја опишуваат функционалноста на уредот надвор од неговата техничка спецификација“, објаснија од компанијата.

 

Телефон: +48 22 307 66 11

Е-пошта: plsales@rocelec.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА! 

 

 

Извор на фотографии: Rochester Electronics

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »