Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Со репликацијата на EOL микропроцесор Rochester заштедува повеќе од 2 милиони долари по производител на аналитички инструменти

05 december 2024

In Bulgarian

 

Специјализирана за производство на иновативни аналитички инструменти, веќе повеќе од 65 години Waters Corporation им помага на научните и истражувачките центри и тимови да ги постигнат своите научни цели, поголема продуктивност, како и поголем поврат на инвестициите во истражувања, нови разработки и контрола на квалитетот. Како еден од најголемите производители на лабораториска и аналитичка опрема во светот, илјадници научници на глобално ниво сметаат на технологијата за течна хроматографија и производите за масспектрометрија на компанијата.

 

 

ADSP-21xx беше многу популарен наследен микропроцесор за дигитална обработка на сигнали (DSP), користен во примени со вградени системи за управување на индустриски процеси и во областа на авиониката. „Поддршката за ADSP-21xx за Waters Corporation започна со испораки на готови производи во крајот на нивниот животен циклус (EOL). Потоа, со помошта на матрица од нивниот главен развивач Analog Device и стратешко купување на плочите од кои се изработуваат, Rochester успеа да го произведе производот. Кога залихите на овие материјали беа исцрпени, Rochester го префрли Waters на модел за репликација разработен целосно под лиценца на Analog Devices“, раскажаа за BalkanEngineer.co за Rochester Electronics, светски докажан дистрибутер и еден од најголемите производители на полупроводнички решенија во светот.

 

Последната испорака би го чинела Waters повеќе од 2 милиони долари, доколку тимот од Rochester не успеал да го репродуцира уредот. Состаноците лице в лице им овозможија на Analog и Rochester да складираат залихи на микропроцесорот за две години, така што Waters да може да продолжи да ги произведува своите производи.

 

„ Analog Devices завршија извонредна работа обезбедувајќи поддршка на производот, а нивните долгогодишни партнерски односи со Rochester беше клучот за овој успех. Испораките на новиот реплициран уред се случија пред предвиденото време и нашите прототипови работат апсолутно беспрекорно и прецизно“, категорични се од Waters.

 

 

Телефон: +48 22 307 66 11

Е-пошта: plsales@rocelec.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА! 

 

 

Извор на фотографии: Rochester Electronics, ©Engineer BG via Canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »