Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Сигурност за вашиот бизнис - со Teletek PRO од Телетек Електроникс! Јасна видливост и поврзување со системите

30 march 2023

In Bulgarian  In Serbian

 

Teletek PRO обезбедува сигурен далечински мониторинг, пристап и одржување на сите поврзани iRIS адресибилни системи за противпожарен аларм - за ненадмината безбедност и заштита на сите ваши објекти.

 

Гарантирајте сигурност и безбедност за вас и сите околу вас каде и да сте! Заштитете го вашиот бизнис и сите ваши објекти - канцелариски простори, административни згради, производствени бази, магацински простори, хотели, ресторани други, со мобилната апликација Teletek PRO од Телетек Електроникс.

 

 

„Телетек ПРО е една од најновите технолошки разработки на лидерот во производството на сигнално-безбедносна и противпожарна техника Телетек Електроникс, кој овозможува далечинско поврзување и видливост на противпожарните системи Teletek. Апликацијата обезбедува далечински пристап, набљудување и одржување во реално време на сите iRIS адресибилни системи за противпожарен аларм кои поддржуваат CLOUD функции - од секој мобилен уред, од кое било место и во секое време“, соопштија од водечката производствена компанија.

 

Панелите iRIS кои поддржуваат облачни функции се моделите од сериите iRIS8 од верзијата на фирмверот 1.1.1 и понова, како и новиот iRIS4, кој наскоро ќе биде достапен на пазарот!

 

„Teletek PRO овозможува следење на тековната состојба на сите поврзани објекти, да бидат проверувани тековни и минати настани и да се испраќаат пораки на телефонот во случај на настан. Исвен тоа, мобилната апликација овозможува да се обезбеди многу побрза, сигурна и ефективна реакција, со минимизирано време и напор за одржување“, прецизираа уште специјалистите од Телетек Електроникс.

 

 

Основни функции и карактеристики на Teletek PRO:

- Далечински пристап, мониторинг и одржување на сите поврзани iRIS адресибилни системи за известување за пожар со облачни функции преку паметен телефон;

- Управување со многу различни објекти од една точка;

- Проверка на тековната состојба на системот – состојба во реално време на циклус, зона и уред; активирање и состојба на влезно/излезни модули;

- Push пораки во реално време за активноста на системот за известување за пожар, вклучително и испраќање пораки на телефонот, известување по е-пошта во случај на појава на пожар, оштетување и предупредување;

- Автоматски извештаи за одржување;

- Статистика и мониторинг на детектори;

- Лесно додавање на панел со скенирање на QR-код;

 

-Геолокација со Google Maps;

-Поддршка на повеќе корисници со различни нивоа на пристап;

-Едноставен, интуитивен интерфејс;

-Подобрена ефикасност во опслужувањето на вашиот бизнис;

-Ефикасно планирање, спроведување и известување за одржување;

-Дополнителен калкулатор за помагање на проектантите при пресметувањето на должината и дебелината на кабелот според бројот на уреди наведени во проектот.

 

Телетек Електроникс

Адреса: Софија 1407, ул.Сребарна 14А

Телефон: +359 2 969 4800

E-mail: info@teletek-electronics.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Телетек Електроникс

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »