Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Сигурни и модерни, пумпите Saer IR извршуваат различни функции во станбен мега проект во Дака, Бангладеш

23 september 2024

In Albanian In Bulgarian  In Serbian

 

При градбата на згради, пумпните системи имаат примена кои опфаќаат различни функции, вклучително и инсталации за водоснабдување, греење и ладење. Широката палета на пумпи IR на докажаниот италијански производител Saer Elettropompe овозможува нивната употреба за задоволување на сите потреби на системите за згради. Поради оваа причина, тие се имплементирани во големиот станбен комплекс на затворениот комплекс Bijoy Rakeen City во главниот град на Бангладеш - Дака. Повеќе за проектот и спецификите на IR пумпите за BalkanEngineer.com раскажа инж. Александар Георгиев - регионален трговски претставник на Saer Elettropompe за Бугарија, Северна Македонија, Албанија, Косово, Грција и Кипар.

 

 

Bijoy Rakeen City е затворен станбен комплекс во реон Мирпур, Дака, чија површина е поголема од 64.830 квадратни метри. Тој вклучува 36 згради и 1.950 станови, а освен тоа нуди и општествен клуб, училиште, џамија, трговски површини, отворени и затворени спортски објекти како и базени за пливање. Дури 60% од просторот е на отворено, вклучувајќи игралишта за тенис и кошарка, зелени површини и детски игралишта, отворен базен, широка патека за џогирање и друго. Обезбедени се и сите комунални услуги вклучително снабдување со електрична струја, водоснабдување, снабдување со гас и деноноќно обезбедување.

 

„Во овој мега проект се интегрирани вкупно 32 пумпи Saer IR. Широката палета обезбедува флексибилен одговор на различните пазарни барања благодарение на бројните достапни верзии. Компактниот дизајн на пумпите ги минимизира трошоците и отпечатокот, а нивната издржлива конструкција гарантира долг работен век“, објасни инж. Георгиев.

 

IR пумпите се погодни за системи за рециркулација, климатизација и водоснабдување, а исто така и за групи на пумпи за херметизација. Тие се нудат во изведба од различни легури и метали, вклучително супер дуплекс, леано железо, железо за ковање, нерѓосувачки челик и бронза.

 

 

 

Инж. Александър Георгиев - Area Sales Manager
Телефон:
 +359 87 673 4516 (Viber, WhatsApp)
Е-пошта: aleksandar.georgiev@saer.it

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фотографии: Saer Elettropompe,©Enginner.BG via Canva

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 16 june 2025РАИС и УСС 1 стартуваат професионален CNC курс кој ќе подготвува кадри за современа машиноградба

    Во текот на три децении, фирма РАИС се докажува како водечки производител на високопрецизни CNC машини, алатки и индустриска опрема не само на Балканот, туку и во цела Европа. Компанијата обезбедува од поединечни машини и компоненти до целосни технички решенија оптимизирани за различни намени, гарантирајќи максимална ефикасност, квалитет и флексибилност во производствените операции. Во партнерство со УСС 1, РАИС го стартуваа првиот од ваков вид професионален курс по „Програмирање, штелување и ракување со CNC дребонзи“. Обуката започнува на 23 јуни 2025 година и ќе продолжи една недела, обединувајќи теоретски и практични делови.

  • 16 june 2025Потопните пумпи од не'рѓосувачки челик и супер дуплекс на Saer – палетата каде што силата ја среќава сигурноста

    „Од прецизно обработен не'рѓосувачки челик до ултра издржлив супер дуплекс, потопните пумпи на Saer Elettropompe од различни материјали ја обезбедуваат потребната моќност, но и спокојството потребно дури и за намени со најголеми барања “, изјави за BalkanEngineer.com инженер Александар Георгиев, регионален трговски претставник на италијанскиот производител на пумпи за Бугарија, Северна Македонија, Албанија, Косово, Грција и Кипар. Потопните пумпи Saer се погодни за широк спектар на примена – од пумпање на чиста вода до сурови средини кои се проектирани за висока продуктивност, максимална издржливост и долгорочни заштеди.

  • 16 june 2025GreMa 3D: Новиот 3D скенер 3DeVOK MT се одликува со подобрен хардвер и софтвер, како и одлична продуктивност

    Инженерскиот тим на Scantech разработи нов професионален и мултифункционален 3D скенер 3DeVOK MT, кој се одликува со исклучителна производителност. Интегрирајќи индустриска технологија за 3D скенирање, тој користи ласерско и дамкесто скенирање, што го претвора во речиси волшебна алатка. „Професионалниот софтвер за скенирање со кој е опремен скенерот, флексибилните штелувања на параметрите, интуитивната интеракција со корисникот и сигурната производителност значително ја зголемуваат ефикасноста на работата со уредот.

  • 13 june 2025Резервните филтри на Camfil се алтернатива што ја оптимизира ефикасноста на индустриските системи за собирање на прашина

    Camfil – докажан развивач и производител на решенија за чист воздух за трговска и индустриска средина, нуди широк спектар на висококвалитетни филтер кертриџи и филтер плочки наменети за најраспространетите системи за извлекување на прашина и исправувања. „Резервните филтри не само што одговараат како облик и димензија на оригиналните компоненти туку придонесуваат на вкупната продуктивност преку зголемена ефикасност на филтрацијата и продолжен век на траење“, изјавија од компанијата за BalkanEngineer.com. Оригиналните филтри од производителот на опремата често се разгледуваат како претпочитан избор кога има потребна од замена.

  • 13 june 2025Schneider Electric ја отвори својата нова паметна зграда во Дубаи како дел од програмата Ipact Buildings

    Светски признатиот лидер Schneider Electric го реализира својот прв проект во Дубаи како дел од својата нова иницијатива за одржлив развој Impact Buildings. Програмата Impact Buildings има за цел да ја зголеми одржливоста преку сопствениот глобален фонд на згради. Применувајќи водечки технологии, софтвер и услуги од платформата EcoStruxure™, Schneider Electric се стреми да го трансформира управувањето со згради. Меѓу користените решенија се: EcoStruxure Building Operation, EcoStruxure Power Monitoring Expert, EcoStruxure Building Data Platform и систем за интегрирано управување со работната средина Planon.

  • 12 june 2025СР Абразиви & Инструменти: Поефикасна обработка на површини од не'рѓосувачки челик со BRUSHmax 3.0 на SUHNER

    Уште одд своето пазарно деби, BRUSHmax 3.0 на SUHNER значително го олесни одржувањето на производите од не'рѓосувачки челик во различни гранки. Проектиран за прецизно чистење, полирање и пасивација, овој моќен алат без напор ги отстранува дамките од железен оксид, при што истовремено ја одржува целината на површините од не'рѓосувачки челик. Како BRUSHmax 3.0 обезбедува усогласеност со барањата за ефикасност и хигиена во областа на одржувањето на фармацевтската опрема, завршните операции во производството на компоненти за воздухопловната индустрија и друго.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 16 june 2025Два нови фотонапонски проекти со вкупен капацитет од 107 MW добија одобрение од владата на Албавија

    Владата на Албанија даде официјално одобрување за изградбата на два големи фотонапонски (PV) проекти во југозападниот дел на земјата. Новите соларни паркови ќе бидат сместени во близина на град Фиер и ќе поседуваат вкупна инсталирана моќност од 107 MW, дозна BalkanEngineer.com од соопштение на владата. Проектите се дел од долгорочната стратегија на Албанија за охрабрување на инвестициите во обновливата енергија и одржливиот развој при што се очекува значително да го зголемат производствениот капацитетот.

  • 12 june 2025Српската ElevenEs претставува нова батерија со работен век од половина милион километри

    Српскиот производител на батерии ElevenEs објави дека пушта во промет нова батериска ќелија од литиум железо фосфат (LFP) проектирана специјално за електрични возила и индустриски намени. Моделот Edge574 Blade Cell е со очекуван работен век од најмалку 500.000 километри и можност за ултра брзо полнење, поставувајќи нови стандарди во сегментот, дозна BalkanEngineer.com од изјавата на компанијата. Батеријата обезбедува полнење од 10% до 80% за само 12 минути при температури над 25 °C.

  • 10 june 2025Производителот на градежни материјали од Република Северна Македонија Цементарница Усје инвестира во вештачка интелигенција и од

    Производителот на градежни материјали Цементарница Усје, дел од грчката индустриска групација Titan, започнува амбициозен инвестициски циклус во вредност од 50 милиони евра, дозна BalkanEngineer.com од соопштение на компанијата. Целта на програмата е да ја забрза технолошката трансформација на компанијата и да ги зајакне нејзините пазарни позиции до крајот на деценијата. Инвестициите ќе бидат насочени кон целосна дигитализација на производствените процеси.

  • 06 june 2025Повеќе од 600 глобални инвеститори се собраа на форум за иновации во Тирана, Албанија

    На 16 и 17 мај во Тирана, Албанија, се одржа престижен форум посветен на инвестиции и иновации, кој собра повеќе од 600 глобални инвеститори, политички лидери и иноватори од целиот свет, дозна BalkanEngineer.com од албанската информативна агенција ATA. Организиран од Институтот за идни инвестициски иницијативи (FII), настанот беше отворен со поздравни обраќања од албанскиот премиер Еди Рама и францускиот претседател Емануел Макрон, а меѓу учесниците беа и влијателни личности како што е Неговата екселенција Јасер ал-Румајан од Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија.

  • 04 june 2025Grup Şerban Holding изградува модерна фарма за кокошки носилки со капацитет од 50 милиони јајца годишно

    Романската агроиндустриска група Grup Şerban Holding ја започна реализцијата на голема инвестиција во фарма за кокошки носилки сместена во населеното место Орбени, округ Бакау. Вкупната вредност на проектот изнесува 11,5 милиони евра, од кои 7,5 милиони се целна субвенција доделена од романската држава. Новата фарма ќе вклучува десет специјализирани хали и е најголемиот објект од ваков тип изграден досега. од компанијата. Тоа го дозна BalkanEngineer.com од романското економско издание Ziarul Financiar. Според зборовите на Јулијан Сомица директор за развој во Grup Şerban Holding, се очекува објектот да биде завршен и да започне со работа во есента на 2025 година.

  • 02 june 2025Trans-Oil го проширува своето присуство во Србија со високотехнолошка фабрика за скроб

    Агроиндустрискиот холдинг Trans-Oil ќе изгради високотехнолошка фабрика за производство на пченкарен скроб во српскиот град Сремска Митровица. Според информација добиена од BalkanEngineer.com преку Logos Press, вредноста на почетната инвестиција надминува 30 милиони евра. Новото претпријатие, кое ќе се реализира преку српската подружница на компанијата - Amelo, ќе преработува до 250.000 тони пченка годишно. Крајниот резултат ќе биде широк спектар на производи – од стандарден и модифициран скроб до пченкарен сируп, кои ќе ја покриваат растечката побарувачка во Централна и Јужна Европа. Се очекува производствената база да создаде 150 нови работни места.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 13 june 2025Бугарската EnduroSat привлече 43 милиони евра инвестиции за нов вкосмички центар и производство на сателити од следна генерациј

    Бугарската космишка компанија EnduroSat направи уште еден следен чекор кон светскиот пазар со успешно привлекување на инвестиции во висина на 43 милиони евра. Овој сериозен финансиски ресурс ќе биде насочен кон забрзување на производството на новата серија сателити Gen3 и изградбата на современ космички центар во главниот град Софија со површина од 17.500 квадратни метри, дозна BalkanEngineer.com од официјалното соопштение на компанијата.

  • 11 june 2025Третата фабрика на Kärcher во Романија ќе произведува опрема за чистење за европскиот пазар

    Германската групација Kärcher, водечки производител на технологии за чистење, официјално го отвори својот трет производствен објект во Романија преку својата локална подружница CER Cleaning Equipment. Инвестицијата изнесува 115 милиони евра и претставува најголемиот проект на компанијата во земјата до овој момент, дозна BalkanEngineer.com од официјалното соопштение на германскиот гигант. Новата фабрика, позната како CER 3, се наоѓа во град Куртеа де Арџеш, во близина на двете постоечки фабрики на Kärcher, отворени соодветно во 2016 и 2021 година.

  • 09 june 2025Албанија распиша тендер за изградба на модерен аграрен образовен комплекс во близина на Тирана

    Албанскиот фонд за развој (ADF) го објави почетокот на јавна набавка во вредност од 5 милиони евра за проектирање и изградба на современ земјоделски комплекс во село Валиас, што се наоѓа во непосредна близина на главниот град Тирана. Веста беше публикувана на официјалната веб-страница за електронски јавни набавки на земјата, од каде што дозна и BalkanEngineer.com. Според условите на тендерската постапка, избраниот изведувач ќе го преземе целокупното управување со проектот.

  • 05 june 2025Nabizi отвора нов трговски и бизнис комплекс во Струга, Северна Македонија

    Операторот на трговски центри во Северна Македонија, Nabizi, ја прошири својата активност со отворањето на нов модерен ритејл парк во град Струга, дозна BalkanEngineer.com од публикација во социјалните мрежи на компанијата. Настанот означува важна фаза во развојот на трговската инфраструктура во југозападниот регион на Северна Македонија и го демонстрира растечкиот интерес кон инвестиции во малопродажниот сектор надвор од главниот град. Новиот Nabizi Retail Park се простира на површина од 50.000 квадратни метри и вклучува разновидни објекти и удобности за посетителите. Меѓу нив се бензинска пумпа, објекти за брза храна, кафетерија, хотел, како и специјално детско игралиште наменето за семејства.

  • 03 june 2025Бугарија е меѓу градежните лидери во Европската Унија во март, посочуваат податоци на Евростат

    Бугарија го забележа вториот највисок годишен раст на градежното производство меѓу земјите од Европската Унија (ЕУ) во март 2025 година, дозна BalkanEngineer.com од податоци публикувани од европската статистичка служба Евростат. Споредено со истиот месец од претходната година, секторот во земјата порасна со импресивни 8,8%, на второ место само по Чешка (12,7%) и пред Австрија (7,4%).

  • 29 may 2025Турската компанија Cagatay Kablo инвестира 6 милиони евра во проширување на своето производство во Северна Македонија

    Турскиот производител на кабли за автомобилската индустрија Cagatay Kablo објави нова инвестиција во висина на 6 милиони евра, дозна BalkanEngineer.com од соопштение на Дирекцијата за технолошки и индустриски зони (ТИРЗ) на Северна Македонија. Средствата ќе бидат искористени за проширување на производствениот капацитет на компанијата во земјата. Компанијата ќе изгради нов производствен објект од 10.000 квадратни метри, кој ќе биде двојно поголем од нејзината сегашна фабрика во Скопје.

Види ги сите »