In Bulgarian In Serbian
Поради нивната сигурност, стабилност на работа и леснотија на управување од страна на корисниците, жичните сигнално-обезбедувачки системи долго време беа најпосакувано решение меѓу инсталатерите. „Сè попопуларните хибридни контролни панели успешно ја комбинираат професионалната работа на жичната безбедносна опрема со сите предности на флексибилната безжична технологија. Така, серијата сигнално-обезбедувачки системи Eclipse на Телетек Електроникс целосно успева да ги покрие потребите на сигурно професионално решение за обезбедување“, соопштија од водечката производствена компанија Телетек Електроникс.
„Контролните панели Eclipse се лесни за монтажа, програмирање и управување. Сите модели поддржуваат неколку методи на програмирање - удобни и добро познати на инсталатерите, користејќи тастатури од истата палета. Програмирањето на параметрите е можно преку 4-цифрени адреси, 3-цифрени оперативни менија и текстуални менија“, објаснија специјалистите на фирмата. „Панелите исто така можат брзо и лесно да се конфигурираат со помош на специјализираниот софтвер за програмирање ProsTE. Кога системската конфигурација вклучува комуникациски модул разработен од Телетек Електроникс, можно е и далечинско програмирање, благодарение на платформата за управување и мониторинг на контролните панели за аларм – облачната услуга AJAX SP“, прецизираа уште тие.
Широка палета на компатибилни периферни уреди
Eclipse вклучува богата палета на периферни уреди, како што се различни модели на тастатури за управување LED, LCD и HMI, модули за проширување за зони и излези, читачи за бесконтактни картички, безжични уреди со различна функционалност и други.
Далечински мониторинг и управување со комуникациските модули Eclipse
Панелите Eclipse поддржуваат различни опции за известување. Вградена сериска порта овозможува поврзување на GPRS или LAN комуникациски модул наменет да испраќа пораки до центар за мониторинг преку облачната платформа AJAX SP или преку стандардниот комуникациски протокол SIA-09. „GPRS модулот дава можност за испраќање ЅМЅ и гласовни пораки за настани до крајниот корисник и преку достапната GSM мрежа. Освен тоа, секој панел е опремен со вграден дигитален телефонски комуникатор (PSTN), кој може да се користи за испраќање на пораки до центар за мониторинг преку стандардни комуникациски протоколи - CID или SIA“, изјавија од Телетек Електроникс. „Поврзувањето со копнена комуникациска станица овозможува и користење на модул за гласовно бирање – Eclipse VD. Преку него се испраќаат говорни пораки за настани до краен корисник или до центар за мониторинг. Пораките се снимаат на SD-картичка, при што системот поддржува различни јазици за известување, вклучително и бугарски“, додадоа уште од компанијата.
Далечинско поврзување и управување со апликацијата Home ProTTect
Поврзувањето со платформата AJAX SP на Телетек Електроникс овозможува далечински пристап до системот за обезбедување. „Далечинскиот пристап до контролниот панел е можен како преку WEB портал AJAX SP, така и преку мобилната апликација Home ProTTEct. Корисникот може во реално време и од која било точка да го набљудува статусот на системот за обезбедување, да го вклучува или исклучува обезбедувањето, да ги прегледува настаните што се случиле, па дури и да прави поставки во програмираната конфигурација. Home ProTTEct обезбедува директен мониторинг и далечинско управување на системот“, објаснија од етаблираната производствена компанија.
Телетек Електроникс
Адреса: Софија 1407, ул.Сребарна 14А
Телефон: 00359 2 969 48 00
E-mail: info@teletek-electronics.bg
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Телетек Електроникс, pixabay.com