Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

РС Електро: Системот KSG 200/KSG 200 T на Baur гарантира без грешки, сигурна и брза идентификација на каблите

09 november 2023

In Albanian  In Bulgarian  In Serbian

 

Системот за идентификација на кабли KSG 200 на Baur е наменет за одредување и проверување на едножилни или повеќежилни кабли во кабелски сноп или кабелско поврзување. Со негова помош, ризикот од случајно прекинување на жиците под напон е значително намален. „Системот KSG 200/ KSG 200 T овозможува да се спречат повреди на персоналот како резултат на прекинување на кабли. Тој ги намалува трошоците за непотребни поправки и обезбедува сигурна верификација на каблите, благодарение на високопрецизната трифакторна анализа ATP“, информираа од брзорастечката компанија РС Електро, партнер на Baur.

 

 

Системот за идентификација KSG 200 се состои од предавател и приемник со флексибилни конектори. Употребената интелигентна електроника овозможува да се реализира прецизна размена на податоци помеѓу двата уреди и обезбедува идентификација на каблите апсолутно без грешки, благодарение на синхронизацијата на време и фаза, како и на автоматското прилагодување на засилувањето.

 

 

Функции и технички карактеристики на KSG 200:

- Идентификација на кабли кои не се под напон;

- Идентификација на кабли под напон, со работен напон до 400 V;

- Погоден за употреба за:

- Едножилни и повеќежилни кабли;

- Разгранети мрежи;

- Автоматско снимање и анализа на емитирани импулси (АТР анализа):

- Амплитуда;

- Интервал (време);

- Насока на импулсот (поларитет)

- Прецизно одредување на насоката на импулсот, дури и во коло со висок отпор до 400 Ω;

- Импулсна струја до 180 А;

- Целосно автоматско прилагодување на засилувањето;

- Експертен режим за рачно засилување со цел да се постигне точна идентификација на каблите во мали трафостаници или мешани траси на кабли;

- Поврзување преку флексибилни краеви за кабли со големи дијаметри до 250 mm;

- Приемот на емитираниот импулс се врши галвански или индуктивно преку опционалните стеги за мерење на струјата;

- Мерење на струја до 199 А;

- Неопходен инструмент за да се обезбеди висока безбедност на работата;

- Цврста и сигурна заштитна опрема;

- Приемник со ергономски дизајн и вграден LCD дисплеј;

- Работата на приемникот не бара батерии на полнење;

- Опционално се нуди предавател со вградена батерија на полнење и можност за надворешно напојување (12 V).

 

Адреса: Бугарска, Софија, ул. Кутловица 41

Телефон: +359 88 922 0253      
E-mail: rs.electro.bg@gmail.com
 

 

Извор на фотографии: РС Електро, Baur

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »