Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

РС Електро: Кабелскиот локатор CL 20 на Baur се одликува со интуитивно користење и прецизно проследување на кабли и цевководи

16 october 2023

In Bulgarian  In Albanian In Serbian

 

Претходното трасирање на каблите е важна фаза во одредувањето на местото на дефектот во нив. Тоа доведува до ограничување на работите за ископување ако тоа е можно, како и до намалување на времето за отстранување на дефектот. „Кабелскиот локатор CL 20 се користи за трасирање на долги делови од цевки и кабли, како и при вршење на основно одржување на кабелските траси. Уредот CL 20 комбинира во себе предавател и приемник. Тој има можност да ја одреди местоположбата на кабли и цевководи на длабочина до 4,5 метри. Мерењето на големината на струјниот сигнал со едно притискање на копче ви овозможува брзо да добиете сигурни податоци за местоположбата на каблите“, информираа за BalkanEngineer.coт од фирма РС Електро, партнер на Baur за балканскиот регион.

 

 

Неколкуте активни фреквенции му овозможуваат на корисникот прецизно лоцирање, исклучувајќи дури и минимални пречки. Пасивните фреквенции овозможуваат да се идентификуваат проводници под напон според нивните природни електромагнетни полиња.

 

Карактеристиките на предавателот се ажурирани и сега обезбедуваат подобрена автоматска корекција на импедансата за директно поднесување на сигнал, усовршено поднесување на сигнал при индуктивно вклучување на предавателот и употреба на повеќе фреквенции во опсегот од 8 kHz до 82 kHz при сврзување преку спојка.

 

 

Технички спецификации на кабелските локатори CL 20:

 

- Неколку фреквенции за оптимално прилагодување на процесот на локализација во зависност од конкретните услови и потреби;

- Моќен предавател со моќност од 10 W за сигурен директен и индуктивен пренос на сигналот;

- Автоматска корекција на импедансата за максимален опсег со минимална потрошувачка на енергија;

- Неколку режими на работа за различни услови за лоцирање: метод на врвни вредности, метод на прецизна врвна вредност, метод на минимална вредност, комбиниран врвен/минимален метод, трасирање на кабли со десна/лева индикација;

- Визуелен сигнал на дисплејот и акустична индикација;

- LCD екран со висок контраст со внатрешно осветлување;

- Визуелизација на сите потребни податоци што можат да доведат до целта: на пример, континуирано мерење на длабочината на положување, јачината на струјата, индикација за нивото на сигналот и стрелки за правците;

- Континуирано мерење на длабочината и големината на струјата во режим на реално време;

- Пасивни фреквенции за лоцирање на кабли под напон без користење на предавател;

- Пребарување со радиофреквенции (RF) и катодна заштита (CP);

- Истовремена употреба на две фреквенции за пребарување: 815 Hz и 82 kHz;

- Точно локализирање на местото на дефектот со струја на истекување кон земјата и дефект на кабелската изолација со помош на опционална A-сонда STAFF, која исто така се нуди како опција;

- Голема флексибилност, благодарение на литиум-јонските батерии;

- Ергономски дизајн;

- Лесно користење.

 

Адреса: Бугарска, Софија, ул. Кутловица 41

Телефон: +359 88 922 0253      
E-mail: rs.electro.bg@gmail.com
 

 

Извор на фотографии: РС Електро, Baur

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »