Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

РС Електро: Брзо и безопасно локализирање на кабелски дефекти со новиот пренослив рефлектометар IRG 400 на Baur

21 april 2024

In Bulgarian  In Serbian In Albanian

 

Доколку барате иновативно решение за ефикасно претходно локализирање на кабелски дефекти, можете да го изберете преносливиот импулсен рефлектометар IRG 400 portable на Baur. Ќе го најдете во портфолиото на докажаната компанија РС Електро, која е партнер на Baur за локалниот пазар. Уредот користи метод на импулсна рефлектометрија и ќе ви помогне да работите поефикасно и посигурно. Како можете да ги локализирате каблите и веднаш да ги откриете промените во нив, како поврзувањето со апликацијата BUI-F на Baur ќе ги поедностави вашите работни процеси и како удобно можете да ги испратите снимените резултати од мерењето и дополнително да ги обработите? Одговорите на овие прашања прочитајте ги во следните редови.

 

 

Лесен, компактен и пренослив, IRG 400 portable е уред за претходна локализација на кабелски дефекти што се испорачува во пригоден куфер за носење. Корисникот може да го користи за брзо и лесно претходно локализирање на дефектите без мерењето да бара поврзување со систем или опрема за тестирање во комбе за проверка на трасите на каблите. Ако ви требаат повеќе опции, можете да ја комбинирате 19-инчната верзија на импулсниот рефлектометар со преносливиот систем Syscompact 400 на Baur. Ова обезбедува оптимално решение за претходно локализирање на кабелски дефекти со низок и висок отпор.

 

Новиот пренослив импулсен рефлектометар IRG 400 portable поседува иновативен и импресивен оперативен концепт кој значително се разликува со оној од претходните модели. Благодарение на неговото компактно тело и апликацијата BUI-F на Baur, која е инсталирана на вградениот таблет со екран на допир и тенок дизајн, претходното одредување на кабелските дефекти е полесно од кога било.

 

Со своите три влезови за мерење, уредот овозможува изведување на 3-фазни тестови на кола што не се под напон. Освен тоа, преносливиот рефлектометар IRG 400 portable поседува интегриран CAT IV/600 V филтер и како последица на тоа е погоден за употреба при тестирање на кабли под напон до 400 V. Исто така, неговата работа се базира на методот на мерење SIM/MIM, кој користи еден високонапонски импулс за прецизна и недеструктивна локализација на дефектите.

 

 

Апликацијата BAUR BUI-F располага со удобен и ергономски кориснички интерфејс со интуитивно управување на допир. Дисплејот со висока резолуција и осветленост од 1000 cd го прави преносливиот рефлектометар IRG 400 portable поудобен за работа, особено на отворено. Апликацијата вклучува функции како што се засилување на сигналот врз база на растојанието за оценка на оддалечени дефекти и мерење шреку Step TDR - функција која регистрира аномалии на кратко растојание, на пример при нелегално разгранување на кабелската траса.

 

Адреса: Бугарска, Софија, ул. Кутловица 41

Телефон: +359 88 922 0253      
E-mail: rs.electro.bg@gmail.com
 

 

Извор на фотографии: РС Електро, Baur, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 13 december 2024Решенијата за автоматизација на згради на AББ обезбедуваат енергетско ефикасна иднина за петвековна зграда во Шкотска

    Позната некогаш како дом на монаси и кралски дворјани, како и на должници во бегство од властите, опатија Странд (Abbey Strand) во Единбург, Шкотска, чува сакрално историско и архитектонско наследство. Денес таа е веќе модернизирана со целосен проект за модернизација кој вклучува најсовремени системи за автоматизација на згради и енергетски менаџмент на АББ. До денес, историската зграда е трансформирана во комплекс со девет луксузни апартмани со првокласна послужување, што е модел за одржлива реконструкција и подобрена енергетска ефикасност на зградите.

  • 12 december 2024FANUC и голем производител на синџири ги обединуваат своите сили за постигнување на целосна контрола на квалитетот на производит

    Пред имплементацијата на систем кој ја автоматизира инспекцијата на квалитетот, контролата и ракувањето со кованиците во производството на компанијата за синџири Pewag се извршуваше од луѓе. Ова често доведуваше до несакани отстапувања во квалитетот. Во својот стремеж да остане конкурентна на пазарот, компанијата се сврти кон Pewag Engineering, која е дел од бизнис групацијата и е специјализирана за проектирање на решенија за автоматизација, за да најде решение за овој проблем.

  • 11 december 2024Лазатек: Испорачувач за автомобилската индустрија ја зголемува својата продуктивност со филтерски модули Filtermist

    Еден од најголемите предизвици со кои се соочува секое металопреработувачко производство е квалитетот на воздухот во просториите и влијанието на маглата од течноста за ладење врз здравјето на персоналот. „За да се спречи маслената магла да влијае на квалитетот на воздухот на работното место, Tooling 2000 Limited инсталираше во нивните машински центри системи на Filtermist за отстранување на маглата. Покрај тоа што чистотата на воздухот ги исполнува барањата на Регулативите за контрола на супстанции опасни за здравјето (COSHH), производствената компанија од Бирмингем користела и други важни предности“, раскажаа за овој случај од праксата специјалистите од добро етаблираната компанија Лазатек која ги нуди производите на Filtermist.

  • 11 december 2024Оптимизирајте го наоѓањето на електрични дефекти и тестирањето на кола со мултиметарот AVO®215 на Megger

    Сигурното и прецизно тестирање на електрични кола е основна активност во забрзаниот секојдневен живот на електричарите. Инструментите за тестирање, како што се мултиметри и амперметри, се неопходни за прецизно мерење на напонот, струјата и отпорот, гарантирајќи ја безбедноста и функционалноста на електричните системи. Megger постојано ја проширува својата палета на повеќефункционални тестери како за професионални, така и за индустриски примени за да го понуди вистинскиот инструмент за секоја применета задача.

  • 10 december 2024SpaceCAD: Shining 3D го пушти на пазарот безжичниот скенер EinScan Libre кој го револуционизира 3D скенирањето

    „На почетокот на ноември оваа година компанијата Shining 3D го објави пазарното деби на својот револуционерен 3D скенер EinScan Libre. Тој припаѓа на 4-та генерација на технологија за 3D скенирање во професионалната линија на производи EinScan. Скенерот е целосно безжичен, што значи дека може да се користи без физички врски – кабли и лаптоп/компјутер. EinScan Libre располага со акумулаторска батерија која обезбедува континуирана моќност. Скенерот може да се напојува и од надворешна батерија кога неговата ќе биде извадена, на пример додека се полни“, соопштија за BalkanEngineer.com од SpaceCAD, водечка трговска компанија во сферата на специјализираните софтверски производи и 3D технологиите.

  • 09 december 2024ЛогиСофт: Со усовршена варијанта на технологијата ZPA, ја зголемуваме ефикасноста во нашите проекти

    Во областа на интралогистиката, од суштинско значење е ефикасноста и безбедноста при движењето на производи и стоки. Една од клучните технологии кои придонесуваат за оптимизацијата на внатрешни логистички процеси е т.н натрупување при нулти притисок (Zero Pressure Accumulation, ZPA). Овој систем овозможува привремено складирање на стока на транспортни линии без примена на дополнителен притисок или сила за движење, со што се спречуваат судири, а со тоа и оштетување на производите што учествуваат во процесот. „ ZPA не е нов концепт.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »