Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

РС Електро: Аудиофреквентниот предавател TG 600 на Baur обезбедува прецизна локализација на кабелските дефекти врз основа

08 february 2024

In Bulgarian  In Albanian  In Serbian

 

Патентираниот метод на Baur на искривеното магнетно поле за лоцирање на кабелски дефекти успешно се користи за сигнални и телефонски кабли каде што се јавува дефект со низок отпор. Високофреквентен аудио сигнал со доволна струја (> 8 А) се испраќа по оштетениот кабел и се враќа обратно откако ќе достигне до местото на дефектот. И покрај обратните насоки на струјата, се создава магнетно поле, а со помош на детектор е можно да се пронајдат максимумот и минимумот на сигналот поради искривување на полето или постојаната промена на геометриската положба на проводникот во кабелот. Бидејќи аудио сигналот се враќа во положбата на дефектот, локацијата каде што не може да биде пронајден сигнал се одредува како локација на кабелскиот дефект.

 

 

„Методот на вител може да се користи и за откривање на кабелски спојувања, бидејќи полето прекинува според должината на спојувањето. Овој метод се карактеризира со голем број на предности во одредувањето на дефекти со низок отпор во мрежите на Т-гранките, бидејќи искривеното поле е секогаш во насоката на дефектот. Сите здрави кабелски гранки ќе даваат континуиран низок сигнал“, коментираа од водечката компанија РС Електро, партнер на Baur за балканските пазари.

 

Предавателот на аудио фреквенција TG 600 е специјално конструиран за точно лоцирање на кабелски дефекти и споеви користејќи го методот на вкрстени магнетни полиња и методот на минимално искривување. Топлинското оптоварување на излезот со висока моќност може да биде намалено со помош на капацитивно компензационо коло. Ова ја подобрува излезната моќност и времето на работа. „Освен што се користи за лоцирање на кабелски дефекти, високата моќност исто така овозможува извршување на операции на прегорување со висока фреквенција, поспецијално при сигнални и телефонски кабли. Максималната излезна моќност се избира во дијапазон од 60 до 600 VA, при што нивото од 60 VA главно се користи за трасирање и одредување на длабочината на поставување на каблите“, додадоа уште од РС Електро.

 

 

Важни специфики на аудиофреквентниот предавател TG 600:

- Излезна моќност: до 600 VA;

- Две работни фреквенции: 2 или 10 kHz, кварцно стабилизирани (други фреквенции на барање);

- Излез со нулти потенцијал;

- Корекција на импеданса во 8 чекори од 0,3 до 300 Ω;

- Оптимална компензација на реактивната моќност со помош на компензациони кондензатори;

- Заштита од топлинско преоптоварување;

- Индикација на влезна и излезна струја на излезниот трансформатор.

 

Адреса: Бугарска, Софија, ул. Кутловица 41

Телефон: +359 88 922 0253      
E-mail: rs.electro.bg@gmail.com
 

 

Извор на фотографии: РС Електро, Baur

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »