In Romanian In Bulgarian In Serbian In Albanian
TMX4000ST е иновативна машина за повеќе задачи разработена од тимот на етаблираната јапонска компанија за производство на CNC машини за сечење метал TAKISAWA. Моделот комбинира функционалности, како на конвенционален дребонг, така и на центар за обработка. „TMX4000ST е машина со две вретена со голема моќност со високопрецизен вграден мотор во левото и десното вретено и ротирачка глава со навалување. Таа овозможува целосна обработка, вклучително и изработка на сложени облици како наклонети површини и дијагонални отвори без интервенција на оператор“, соопштија за BalkanEngineer.com од етаблираната бугарска производствена компанија РАИС, овластен претставник на TAKISAWA за Бугарија.
Дребонгот за повеќе задачи TMX4000ST се карактеризира со движење по оската X од 605 mm, по оската Y од 260 mm и по оската Z од 1500 mm. Благодарение на големиот од, можно е постигнување на исклучително прецизно глодање и челно дупчење.
„Моделот TMX4000ST е стандардно опремен со две вретена, како и со дополнително вретено монтирано на оската В со кој може да се струга или глода. Тој е опремен и со дополнителна револверка глава сместена под левото вретено за стругање. Сите вретена се вретено мотори и како последица на тоа нема запчаници, нема луфтови, а обработката се остварува многу побрзо и точно“, објаснија специјалистите од фирма РАИС.
Брзината на главното и десното вретено е 4000 вртежи во минута, а на вретеното на оската В може да достигне и до 12000 вртежи во минута. Освен дел за стругање и глодање, машините од серијата TMX овозможуваат уште и изработка на запчаници, што заштедува време и пари поврзани со инвестициите во дополнителна опрема. Со помош на вграден софтвер во машината, клиентот има можност брзо и удобно да постави каков тип на заби ќе изработува, по што системот сам ги пресметува сите параметри на процесот, без да има потреба од дополнителен надворешен софтвер.
Машината за повеќе задачи TMX4000ST на TAKISAWA дозволува со неа да биде произведен детаљ долг до 1500 mm со дијаметар на обработка од φ500. Дребонгот поседува како стандарден магацин со максимален број од 72 алати, кои можат да бидат Capto или HSK според индивидуалните желби на корисникот, така и дополнителен магацин за до три алати со должина до 500 mm и тежина до 10 kg, со намена за длабоко дупчење.
„Машината е опремена со систем за ладење со можности за термичка компензација. Може да биде опремена уште и со агрегат со 70 бари за ладење преку алатот“, додадоа уште од бугарската фирма.
Основна техничка спецификација:
Модел
|
|
TMX-4000ⅡST
|
TMX-4000ⅡS
|
TMX-4000Ⅱ
|
Десно вретено
|
|
|
|
|
Задно седло
|
|
-
|
-
|
|
Долна револверска глава
|
|
|
-
|
-
|
Димензија на футерот
|
inch
|
10+10
|
10+10
|
10
|
Тип револверска глава
|
|
АТС вретено
|
Максимален дијаметар на обработка
|
mm
|
φ500
|
Максимална должина на обработка*1
|
mm
|
1500
|
Капацитет (лево вретено)*2
|
mm
|
φ80
|
Дијапазон на вртење по В-оска
|
deg
|
230 (±115)
|
Брзина на лево вретено
|
min-1
|
4000-
|
Брзина на десно вретено
|
min-1
|
4000
|
|
Опсег на брзината на вретеното
|
min-1
|
12000
|
АТС капацитет на магацинот на алати
|
|
40 [OP. 80. 120]
|
Брзина на брз од
|
m/min
|
X1 : 40 / Z1 : 40 / Y1 : 40 / A : 30
|
Мотор на лево вретено (30 минути/непрекината работа)
|
kW
|
26/22
|
Мотор на десно вретено (15 минути/непрекината работа)
|
kW
|
2215
|
-
|
Мотор на вретено (Ѕ3 25% непрекината работа)
|
kW
|
Височина : 22/15
|
Височина на машината
|
mm
|
3160
|
Потребна површина на подот
|
mm
|
T40:6950×4478
|
Тежина на машината
|
kg
|
17000
|
*1) Максималната должина на обработката се разликува во зависност од типот на футерот.
*2) Капацитетот се одредува во зависност од типот на футерот и цилиндри.
*3) Вклучува конвејр на струготини со странично исфрлување, оперативен панел и полнител за ATC.
Адреса: Бугаријау, Пазарџик ул.Димчо Дебељанов 58,
Телефон: +34 444 255
E-mail: info@raisbg.com
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: РАИС, TAKISAWA